Драгана Ристова (родена на 11 април 1983 година во Скопје, Република Македонија) е поранешна ракометна репрезентативка на Македонија и актуелен ракометен тренер.

Биографија Драгана Ристова е поранешна репрезентативка на Македонија. Има настапувано во РК Скопје, РК Ѓорче Петров, ЖРК Металург, ЖРК Будуќност Подгорица (клуб со кој го има освоено Купот на победниците на куповите).

Играчката кариера ја заврши во ЖРК Вардар, каде што подоцна ја започна тренерската работа.

Изминатите неколку сезони успешно го водеше првиот тим на ЖРК Вардар.

Моментално (2022 година) е тренер на Женскиот ракометен клуб Куманово.

Ристова е носител на мастер тренерска лиценца.

Наводи Категорија:Македонски ракометарки Категорија:Ракометни тренери