Бјорн Руне Борг (; роден на 6 јуни 1956) е поранешен бр. 1 тенисер од Шведска. Помеѓу 1974 и 1981 тој освоил 11 Гренд слем титули. Тој пет пати едноподруго го освојувал Вимблдон и шест пати вкупно Отвореното првенство на Франција, рекорд кој подоцна бил соборен од Рафаел Надал."Compare and contrast" , Jon Wertheim, Sports Illustrated, 23 September 2002"Borg still making the shots", Douglas Robson, USA Today, 25 May 2006 Според многумина, тој е еден од најдобрите тенисери на сите времиња."Navratilova joins Laver and Borg on the shortlist (as voted for by . . . Navratilova)" , Alastair Campbell, The Times, 3 July 2004"When he was king", Tim Pears, The Observer, 5 June 2005

За време на неговата релативно кратка сениорска кариера, Борг освоил 41% од Гренд слем турнирите на кои настапил (11 од 27) и неговиот процент на победи на Гренд слем натпреварите изнесувал 89.81% (141–16). Неговиот процент од победи-порази на сите подлоги (тепих, земја, тврда, и трева) изнесувал 82.74% (609–127), и неговиот процент на победи на Вимблдон изнесувал 92.73% (51–4); сите претставуваат АТП рекорди. Тој е еден од четворицата тенисери во опен ерата кој успеал да ги освои Вимблдон и Отвореното првенство на Франција во една година и единствениот тенисер кој тоа го сторил трипати. Исто така тој е единствениот тенисер кој успеал да освои три Гренд слем турнири без да загуби ниту еден сет. Тој бил првиот тенисер кој успеал да освои 10 Гренд слем турнири (пред да биде надминат од Пит Сампрас со 14, Рожер Федерер со 17, и Рафаел Надал со 14 титули). На АТП турнејата, тој освоил вкупно 64 титули.

Бјорг бил првиот играч кој успеал да освои повеќе од 1 милион долари во една сезона, во 1979.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Шведски тенисери Категорија:Родени во 1956 година Категорија:Живи луѓе