Џанкарло Алесандрели (роден на 4 март 1952 во Сенигалија) — италијански поранешен фудбалер, кој играл на позицијата голман.
Клупска кариера thumb|left|Алесандрели (горе, прв од лево) со Тернана во сезоната 1972-1973 Израснат во младинските категории на , тој влегол во сениорскиот тим како трет голман и во исто време со Примавера тимот го освоил првенството во сезоната 1971-1972.
За да му дадат искуство, клубот од Торино првично го позајмил на , клуб во кој бранел редовно, забележувајќи 25 натпревари, а своето деби во Серија А го имал на 24 септември 1972 година за време на натпреварот Наполи-Тернана (1-0). Потоа бил позајмен и во во Серија Б, а во сезоната 1974-1975 се преселил во во истата лига каде дури и не бил стартер собирајќи само 3 настапи како резерва на Маурицио Мемо.
Пред почетокот на сезоната 1975-1976, Јувентус го повикал да ја преземе улогата на Масимо Пилони како резерва на главниот голман Дино Ѕоф. Алесандрели играл во некои натпревари од Купот на Италија како и во реваншот од првото коло на Купот на шампионите 1977-1978 против Омонија.
По четири години на клупата, во кои го носел дресот со бројот 12 во 113 првенствени натпревари, во последното коло од првенството 1978-1979, тренерот Џовани Трапатони му дал шанса да го замени Ѕоф на голот во натпреварот Јувентус-Авелино; за помалку од половина час тој примил три гола и натпреварот завршил 3-3.
Следната година, Алесандрели бил продаден на Аталанта, во Серија Б, каде што одноново добил можност да игра во поголем континуитет. По една сезона во Рондинела, во Серија Ц1, тој ја завршил својата кариера по сезоната 1983-1984 враќајќи се во главната лига, како резерва за Џовани Гали во Фјорентина.
Титули Клупски Јувентус Младински натпреварувања Кампионато Примавера : 1 1971-1972
Сениорски натпреварувања Серија А : 3 1971-1972, 1976-1977, 1977-1978 Куп на Италија : 1 1978–1979 Куп на УЕФА : 1 1992-1993
Наводи
Надворешни врски Џанкарло Алесандрели на transfermarkt Џанкарло Алесандрели на worldfootball.net Џанкарло Алесандрели на carrierecalciatori Џанкарло Алесандрели на myjuve.it
Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Тернана Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1952 година