мини|250x250пкс| Супли Супли или топчиња од сирење-ориз се италијански ужинки кои се прават од топче ориз (обично ризото) со сос од домати, кое е стандарно за римската кујна. Првично, тие биле исполнети со пилешко месо, мелено месо или проватура (вид на сирење од Лацио), и со парче моцарела; целото парче се потопува во јајце, се премачкува со лебни трошки и се пржи. Тие се слични со сицилијанските аранчини и крокети. Супли може да се подготват и без сос од домати.

Тие најчесто се јадат со прсти: кога парчето ќе се скрши на два дела, моцарелата протекува од внатре.

Топчињата од сирење-ориз првично се продавале во римски продавници каде се продавала пржена храна. Сега тие најчесто се служат во повеќето пицерии низ Италија како антипасто.

Наводи

Извори

Дополнителна литература

Категорија:Италијанска кујна Категорија:Јадења од сирење