мини|300x300пкс| Сурова стигиола мини|Стигиола.

Стигиола (множина: stigghiole на италијански или stigghioli на сицилијански, исто така познат и како stigghiuola) е сицилијански специјалитет за храна, кој е типичен за улиците на градот Палермо. Се состои од црева (најчесто од јагнешко, но и од козјо или пилешко) кои се мијат со вода и сол, се зачинуваат со магдонос и понекогаш со кромид и други тревки, потоа се залепуваат на ражен или пак се тркалаат околу празот и на крај се варат директно на скарата. Јадењето е најчесто се подготвува и се продава како улична храна. Во Рагуза јадењето се пече во тепсија и е познато како турциниуна.

Тој е наведен како и традиционален италијански прехранбен производ (PAT) од страната на Министерството за земјоделски, прехранбени и шумарски политики.Mipaaf. List of traditional food products.

Наводи

Категорија:Италијанска кујна Категорија:Внатрешници