Национален стадион на Косово () ― предложен фудбалски стадион во близина на Глоговац, Косово. Овој предложен стадион ќе биде новиот дом на косовската репрезентација и ќе служи како место за големи завршиници на фудбалски клупски куп и други спортски и неспортски активности.

Стадионот е дизајниран со капацитет да собере 30.000 гледачи, што го прави фудбалскиот стадион со највисок капацитет во Косово. Било планирано стадионот да биде завршен до 2021 година.

Местоположба Во 2019 година, Владата на Косово одлучила овој стадион да биде граден во близина на Глоговац, со што го одобри барањето на министерот за култура, млади и спорт, Кујтим Гаши. Местоположбата е оддалечена 14 километри од главниот град Приштина, отфрлајќи ја можноста избрана од претходната влада, а тоа била Брњица. Националниот стадион ќе бил изграден на површина од 25 хектари во Весница, а работите требале да започнат во 2020 година. За стадионот имало многу дебати, нарекувајќи го политичка одлука, бидејќи првично било планирано да биде граден во Брњица.

Историја

Планирање и изградба На 12 јули 2019 година започнала изградбата на стадионот, а два дена подоцна бил претставен проектот на овој стадион кој би имал капацитет од 30.000 седишта, но по претставувањето, изградбата била прекината од политички причини поврзани до местоположбата.

Именување Имало многу идеи и предлози за именување на новиот стадион. Еден од главните предлози бил Дарданска арена , но сè уште нема ништо службено за името на стадионот кој моментално се нарекува Национален стадион на Косово.

Составни простории Врз основа на плановите претставени од градежното друштво Tabanlıoğlu Architects, Националниот стадион на Косово ќе има:

Простор за вежбање Малопродажбени продавници Паркинг Расадник Музеј Библиотека Затворен базен Хотел

Наводи

Категорија:Фудбалска репрезентација на Косово Категорија:Фудбалски зданија во Косово Категорија:Предложени стадиони Категорија:Дреница Категорија:Статии кои содржат текст на албански јазик