Кирен Џон Перкинс (роден на 14 август 1973 година) ― поранешен австралиски пливач во слободен стил. Тој бил специјализиран за 1500 метри слободно. Освоил златен олимписки медал на Олимпијадата во 1992 година, при што истовремено поставил светски рекорд, а потоа на Олимпијадата 1996 година ја одбранил титулата олимписки првак. Вкупно освоил четири олимписки медали.
За време на неговата пливачка кариера од 1989 до 2000 година освоил 23 медали на меѓународни натпревари и го имал прекарот Супер риба (анг: Super Fish). Поставил 11 светски рекорди, а светскиот рекорд на 1500 м во слободен стил го држел девет години, на 800 m десет години и на 400 м слободен стил пет години. Во кариерата соборил и 40 австралиски рекорди.
Тој е прв човек кој истовремено бил олимписки шампион, светски првак, шампион на Игрите од Комонвелтот и на Панпацифичките игри.
Наводи
Надворешни врски
Комплетна биографија на Кирен Перкинс
Категорија:Олимписки сребрени медалисти за Австралија Категорија:Олимписки златни медалисти за Австралија Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1973 година Категорија:Австралиски пливачи