мини|Оброк во куќата на Симон фарисејот, околу 15 век. Парабола за двајцата должници (или Парабола за грешницата) — една од познатите Исусови параболи, запишана во новозаветното Евангелие според Лука (7:36-50). Параболата зборува за двајца должници кои му должеле на еден човек, едниот многу повеќе пари од другиот. Кога заемодавачот им ги простил долговите, поголемиот должник го засакал повеќе.
Преку параболата, Исус објаснува зошто грешницата, која му ги измила нозете, го бакнала и го помазала, го сака повеќе од неговиот домаќин свештеник, кој не му дал вода за нозете, ниту го целивал и помазал.
Парабола Евангелието според Лука известува дека фарисејскиот свештеник Симон го поканил Исуса на гости, по што една жена во градот позната како грешница тргнала по него. Додека Исус седел на масата, таа седела пред неговите нозе и плачела „и почнала да му ги мие нозете со солзите, му ги избришала со косата на главата, му ги бакнала нозете и ги помазала со миро“ (7:38). Неговиот домаќин си рекол: „Да беше пророк, ќе знаеше која и каква жена го допира: бидејќи таа е грешница“, а Исус како одговор му ја кажал следнава парабола:
Толкувања Се чини дека оваа Исусова парабола не е напад на фарисеите, туку обид да се подучи свештеникот Симон да ја види жената низ неговите очи. Ben Witherington, Women in the Ministry of Jesus: A study of Jesus' attitudes to women and their roles as reflected in his earthly life. Описот на жената сугерира дека таа е позната проституткаJoel B. Green, The Gospel of Luke, Eerdmans. Carol Ann Newsom and Sharon H. Ringe, Women's Bible Commentary., иако некои го оспоруваат овој заклучок.Barbara E. Reid, Choosing the Better Part?: Women in the Gospel of Luke. Ако е проститутка, нејзиното присуство ја оцрнува ритуалната чистота на фарисејот. Џоел Грин забележува дека било лесно да се отфрли таква личност како неморална, нечиста и развратна, без да се земе предвид општествената стварност на жена која можеби била принудена на тоа поради материјални околности или продадена во сексуално ропство. Потврдувајќи го простувањето на жената, кое Исус наводно и го дал за време на претходната средба , Исус го поканува Симон да го види нејзиниот нов идентитет и „да ја прибере во заедницата на Божјите луѓе“.
Жан Калвин од зборовите на Исус („Затоа ви велам, ѝ беа простени многу гревови, бидејќи имаше многу љубов; кому малку му се простува, малку се сака“.Еванђеље по Луки, 7:47 (превод Емилијана Чарнића)) заклучува дека љубовта не е цел на простување, но доказ. Како и кај двајцата должници, долгот не бил простен поради љубовта на должникот, туку следела голема љубов поради простувањето на долгот. Калвин објаснува дека свештеникот мисли дека жената е грешница, но треба да се види дека таа не е грешница, според тоа што гревовите ѝ се простени. Нејзината љубов е доказ дека добила прошка, израз на благодарност за добиената корист. Љубовта е апостериори аргумент, кој се докажува со исходот. Исус јасно ѝ кажува врз основа на што таа добила прошка со зборовите: „Твојата вера те спаси!“Еванђеље по Луки, 7:50 (превод Емилијана Чарнића) Значи, со вера добиваме прошка, а со љубов искажуваме благодарност и сведочиме за милоста Божја, заклучува Калвин. John Calvin, Institutes of the Christian Religion, Book III, Chaper 4 at CCEL.org.
Меѓутоа, Амброзиј Милански, цитирајќи го истиот цитат од Исус („Затоа ти велам: ѝ се простуваат многу гревови, бидејќи таа имаше голема љубов.“Евангелие според Лука, 7:47), тврди дека љубовта е услов за простување.Ambrose, Concerning Repentance (Book I), Chaper 16 at NewAdvent.org.
Овие разлики во толкувањето се присутни и во различни преводи на библискиот текст:
Наводи
Категорија:Исусови параболи