мини|250x250пкс| Кралство Славонија во 1849 година Кралство Славонија (, , , ) — кралство на Хабсбуршката Монархија и Австриското Царство кое постоело од 1699 до 1868 година. Кралството вклучувало северни делови на денешните региони на Славонија (денес во Хрватска) и Срем (денес во Србија и Хрватска ). Јужните делови на овие региони биле дел од славонската воена граница, која била компонента на воената граница што ја одвојувала Хабсбуршката Монархија од Отоманското Царство.
Географија Кралството Славонија на запад се граничело со Кралството Хрватска, на север и на исток со Кралството Унгарија и на југ со Отоманското Царство. Заедно со Славонската воена краина, Славонија имала површина од околу 6.600 милји квадратни. Била поделена на три окрузи Пожега, Вировитица и Сирмија. Покрај синџирот планини во средината на провинцијата, преостанатиот дел од Славонското Кралство се состоел од пространи рамнини и плодни еминенции засадени со винова лоза и овошни дрвја. Society for the Diffusion of Useful Knowledge: The Penny Cyclopaedia of the Society for the Diffusion of Useful Knowledge, vol 22, p. 100-101
Историја мини| Грбот на Славонија (прв на левата страна) на надворешноста на зградата на унгарскиот парламент . Кралството Славонија било формирано од териториите што Хабсбуршката Монархија ги добила од Отоманското Царство со Договорот од Карловци (1699) преку кој завршила Големата турска војна. Првично, тоа била посебна хабсбуршка земја под заедничка цивилно-воена управа што траела од 1699 до 1745 година Balkan economic history, 1550-1950: from imperial borderlands to developing nations, John R. Lampe, Marvin R. Jackson, Indiana University Press, 1982, page 63. Жителите биле ослободени од даноци, но биле обврзани на воена служба. Society for the Diffusion of Useful Knowledge: The Penny Cyclopaedia of the Society for the Diffusion of Useful Knowledge, vol 22, p. 100-101 Во 1745 година била воведена целосната граѓанска управа и Кралството Славонија, како една од земјите на унгарската круна, било административно вклучено и во Кралството Хрватска и во Кралството Унгарија. По договорот (Нагодба) со Кралството Унгарија од 1868 година, Кралството Славонија било споено со Кралството Хрватска во единственото Кралство Хрватска-Славонија, кое иако било под контрола на круната на Свети Стефан, сепак задржало значително ниво на самопуправување.
Население По завршувањето на Големата турска војна, Славонија останала запустена бидејќи побегнале околу 80% од нејзиното предвоено население. Со цел да се подобри нејзината демографија, на луѓето што побегнале од Славонија и чии имоти биле одземени од Османлиите, им било дозволено да се вратат во нивните земји доколку имале валидни документи за сопственост. Ive Mažuran – Osnivanje vojne granice u Slavoniji 1702. godine, p. 34 Во Славонија почнале да мигрираат и доселеници од Босна, бегајќи од Османлиите. Во 1691 година, околу 22.300 католици од босанска Посавина се преселиле во Славонија. Andrija Zirdum – Počeci naselja i stanovništvo brodskog i gradiškog kraja 1698-1991, Slavonski Brod, 2001, p. 23 Се проценува дека во 1696 година во Славонија живееле околу 40.000 луѓе Andrija Zirdum – Počeci naselja i stanovništvo brodskog i gradiškog kraja 1698-1991, Slavonski Brod, 2001, p. 24 Во 1698 година, неговото население се зголемило на 80.000.
Податоците за австриското население од 1802 година за Кралството Славонија забележало дека живеат 148.000 (51,6%) католици, 135.000 (47,2%) православни и 3.500 (1,2%) протестанти. Mladen Lorković, Narod i zemlja Hrvata, reprint, Split, 2005., page 86
Според други статистички проценки, во 1787 година во цивилна Славонија имало 265.670 жители, а во 1804/1805 година имало 286.349 жители, но од тој број биле исклучени свештенството и благородништвото. На тој попис биле попишувани единствено мажите. Имало: 74.671 римокатолици, 68.390 православни христијани, 1.744 калвинисти, 97 лутерани и 160 евреи. Бројот на православни христијани бил поголем во Срем: 32.090 православни христијани и 12.633 римокатолици. Во другите два окрузи на Славонија: Пожега и Вировитица, како и во градот Пожега, римокатолиците го надминувале православното население.
Официјалниот австриски попис од 1857 година за Кралството Славонија ги дава следните резултати (дел од Срем во 1857 година бил дел од Војводството Србија и Тамишки Банат): Statistische übersichten über die bevölkerung und den viehstand von Österreich nach der zählung vom 31. october 1857, page 120
Пожечка жупанија
63.341 римокатолици 41.172 источни православни 837 евреи 629 грчки католици 85 калвинисти 44 лутерани
Осиечка жупанија
101.559 римокатолици 35.806 источни православни 4.257 калвинисти 1.784 евреи 629 грчки католици 69 лутерани
Економија Кралството Славонија било претежно земјоделско земјиште, исто како и Кралството Хрватска, и било познато по своето производство на свила. Земјоделството и сточарството биле најпрофитабилните занимања на жителите. Се произведувало пченка од сите видови, коноп, лен, тутун и големи количества сладунец. Голема била и количината на произведено вино, особено во округот Срем. Во 1857 година, вработеноста во индустријата (11,01%) била највисока во Осиечката жупанија, додека 72,3% биле вработени во земјоделството (82,9% во Пожечката жупанија). Mariann Nagy - Croatia in the Economic Structure of the Habsburg Empire in the Light of the 1857 Census, page 88 Society for the Diffusion of Useful Knowledge: The Penny Cyclopaedia of the Society for the Diffusion of Useful Knowledge, vol 22, p. 100-101
Поврзано Кралство Хрватска (Хабсбург) Пожечки санџак Словенска воена краина Кралство Далмација Времеплов на хрватската историја Славонија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Поранешни држави Категорија:Хабсбуршка Хрватска Категорија:Поранешни кралства Категорија:Историја на Срем Категорија:Историја на Славонија Категорија:Поранешни држави на Балканот Категорија:Статии со текст на српски Категорија:Статии со текст на германски Категорија:Статии со текст на хрватски