Сузан Сарандон (родена на 4 октомври,1946), американска актерка и добитничка на Оскар е една од најмаркантните личности на XX век. Како глумица со јасно изградени политички ставови и голем поборник за човековите права Сузан Сарандон се стекнала со голема слава. Учествувала во многу хуманитарни мисии низ целиот свет и анти-воени протести. Сузан Сарандон има 61 година.

Животопис Сузан Сарандон, најстарата од деветте деца, е родена како Сузан Абигеил Томалин (прев. од анг. Susan Abigail Tomalin) во Њујорк, ќерка на Ленора Мари (моминско Крисчионе) и Филип Лесли Томалин, кој работел како директор за маркетинг, телевизиски продуцент и пејач во ноќните клубови за време на “ерата на големите бендови”http://film.guardian.co.uk/interview/interviewpages/0,,1733454,00.htmlhttp://www.filmreference.com/film/57/Susan-Sarandon.html. Нејзиниот татко бил од англиско, ирско и велшко потекло а мајка и била потомок на Италијанци од Сицилија.News.bbc.co.uk Сарандон има изјавено дека нејзината баба, Анита Регали, била поврзана со мафијата. Сарандон израснала во големо римокатоличко семејство. Матурирала во 1964 и тогаш се запишала на Католичкиот Универзитет на Америка (прев. од анг. Catholic University of America), кој го воделе калуѓерки, од 1964 до 1968 и за тој период земала диплома по драма. Сè до нејзиното издигање до славата, Сарандон ги нагласила нејзините несогласувања со конзервативната политика на училиштето, посебно во врска со абортусот и хомосексуалноста. Во тоа време Сузан живеела со нејзините баба и дедо, а своите пари ги заработувала работејќи како секретарка, чистејќи станови, а исто така позирала и за некое списание. Сузан никогаш ни не сонувала да стане актерка, но за време на студентските денови таа го запознала и се омажила за колегата студент Крис Сарандон во 1967, кој ја убедил да биде она што е денес. Тие се развеле во 1979 а таа го задржала нејзиното венчано презиме како свој псевдоним.

Приватен живот Во средината на осумдесеттите, Сарандон излегувала со режисерот Франко Амури, од кого има ќерка, глумицата Ева Амури. Од 1988, Сарандон е во врска со актерот Тим Робинс, кого го запознала на снимањето на Бул Дурам. Двојката има две деца: Џек Хенри (роден 1989) и Мајлс Гатри (роден 1992). Таа и Робинс се добро познати по нивната инволвираност во либералните општествени случувања, поради што се постојано на мета на конзервативците. Сарандон има изразено поддршка за многу настани за толеранцијата и човековите права. Во 1999 г. била назначена за Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.

Сарандон во 2003 зборувала против војната во Ирак, изразувајќи интерест да ја толкува мајката на мирот, Синди Шиан (прев. од анг. Cindy Sheehan), во филм за нејзината кампања за мир. Исто во 2003, таа се појавила во филмот Љубов е љубов, е љубов, којшто истовремено го промовирал прифаќањето на хомосексуалните и транссексуалните поединци. Во 2000 го поддржала Ралф Нејдер во кампањата за претседaтел. Во 2004 се обидела да го убеди да не се кандидира за претседател.

Сарандон била водител на дел од Лајв 8 концертот во Единбург, Шкотска, во 2005. Во 2006 учествувала во отворањето на Зимските олимписки игри, носејќи го олимпиското знаме во Торино, Италија.

Во 2007 Сарандон се појавила на анти-воениот протест во Вашингтон со Тим Робинс и Џејн Фонда. Нејзиното мото беше Да се спротивставиме на војната, Да ја мразиме војната во сите форми без разлика дали оружјето е ракета или авион. Сарандон и 10 нејзини роднини (вклучувајќи го и нејзиниот син Мајлс) отпатувале во Велс да ги пронајдат нејзините велшки корени. Нејзиното патување било документирано од страна на Би-Би-Си Велс.

Кариера Во 1969 година Сузан Сарандон била на аудиција за филмот Џо со нејзиниот сопруг Крис Сарандон; иако тој не добил улога, таа ја добила главната улога на незадоволна тинејџерка која исчезнувала во валканиот подземен свет (филмот бил прикажан во 1970).

Сузан не го достигнала успехот на тој филм и прифаќала улоги во помали филмови како Сакајќи ја Моли, и требале уште цели 5 години пред да се појави во Роки Хорор Пикчр Шоу, култна класика.

Истата година ја играла главната женска улога во Големиот Валдо Пепер, заедно со Роберт Редфорд.

Сузан била номинирана за Оскар во 1981 за Атлантик Сити. Нејзиното најконтроверзно филмско појавување било во Гладта во 1983, модерна вампирска приказна која била голема утка на кино благајните.

Сепак филмот добил култен статус, пред сè благодарение на сцената помеѓу Сарандон и ко-ѕвездата Катрин Денев. Најголемиот пробив во кариерата Сарандон го остварила во 1988 година со филмот Бул Дурам, којшто набргу станал огромен комерцијален успех.

Сарандон добила четири номинации за Оскар во деведесеттите, конечно освојувајќи ја наградата за филмот Мртов човек оди.

Други филмови на Сарандон биле: Маќеа (1998), Секаде освен тука (1999), Романса и цигари (2005) и многу други.

Сарандон се појавувала во Симпсонови (го позајмувала гласот), Пријатели, Сабота навечер во живо и други серии.

Сарандон е позната и по нејзиното носење на раскошни деколтеа.

Најскорешни активности на Сарандон биле тоа што се појавила со нејзината ќерка Ева Амури во Сред пустелија, од 2007.

Филмографија Почнувајќи од 1970 година, па до ден денес, Сарандон има снимено над 70 играни филмови со поголем или помал успех, но филмови со кои си ја осигурала култната позиција која ја ужива во филмографијата. Покрај играните филмови, Сарандон има учествувано и во голем број документарци (во некои од нив се јавува и како раскажувач) а исто така се има појавувано и во повеќе ТВ серии.

Сарандон е рангирана на 35-то место на Емпајр магазинот, на нивната листа Топ 100 филмски ѕвезди на сите времиња. Филмови во којшто зела најголем хонорар се Клиентот (5,000,000.00 $). Награди Сузан Сарандон во текот на својата кариера има добиено повеќе признанија за својата работа, голем број на награди меѓу кои и најпрестижната награда - Оскар, за која е номинирана дури 5 пати.

Оскар 1981 - Номинирана - Најдобра глумица во главната улога - Атлантик Сити 1991 - Номинирана - Најдобра глумица во главната улога - Телма и Луиз 1992 - Номинирана - Најдобра глумица во главната улога - Нафтата на Лорензо 1994 - Номинирана - Најдобра глумица во главната улога - Клиентот 1995 - Освои - Најдобра глумица во главната улога - Мртов човек оди

Наводи

Надворешни врски

Susan Sarandon's political donations at newsmeat.com

Категорија:Родени во 1946 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски глумци Категорија:Американски филмски глумци