1567  Клаудио Монтеверди — италијански композитор на преодот од ренесансата кон барокот. 1848  Виктор Васнецов — истакнат руски сликар од фолклористичкиот и националромантичарски правец. 1859  Пјер Кири — француски физичар и хемичар. 1862  Артур Шницлер — австриски писател и доктор. 1864  Ватрослав Облак — словенечки и австриски лингвист, славист и македонист. 1864  Димитар Матов — македонски фолклорист и етнограф. 1864  Захарија Шумљанска — македонски револуционер. 1891  Михаил Булгаков — руски писател. 1901  Луис Монти — италијанско-аргентински фудбалер. 1909  Џејмс Мејсон — англиски филмски и театарски глумец. 1914  Тензинг Норгај — непалски планинар, кој прв се искачил на Монт Еверест. 1915  Виктор Аќимовиќ — југословенски и македонски публицист. 1920  Мелих Џевдет Андај — турски поет, романописец, есеист, драмски автор. 1930  Џаспер Џонс — американски сликар. 1937  Меделин Олбрајт Корбел — државен секретар на САД. 1942  Ристо Јачев — македонски писател. 1947  Љупко Петровиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер. 1956  Мурат Јашари — поранешен член на ОНА. 1959  Ратомир Грозданоски — македонски теолог. 1959  Ендрју Елдрич — англиски рок-музичар, член на групата „Систерс оф мерси“ (Sisters of Mercy). 1960  Римас Куртинаитис — литвански и советски кошаркар. 1964  Маја Иванова — сопруга на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. 1965  Џезаир Шаќири — македонски политичар и поранешен член на ОНА. 1965  Сенко Велинов — македонски глумец. 1966  Јиржи Немец — чешки фудбалер. 1970  Роналд де Бур — холандски фудбалер. 1970  Франк де Бур — холандски фудбалер и тренер. 1978  Егои Мартинес — шпански велосипедист. 1981  Патрис Евра — француски фудбалер. 1987  Енди Мареј — британски тенисер. 1997  Усман Дембеле — француски фудбалер.

15 мај