[{ "type": "ExternalData", "service": "geoshape", "ids": "Q41", "properties": { "fill": "#0080FF", "stroke": "#FFFFFF" } }, { "type": "ExternalData", "service": "geoshape", "ids": "Q222", "properties": { "fill": "#00FF40", "stroke": "#FFFFFF" } }] Албанско-грчка граница (; ) — државна граница помеѓу Албанија и Грција. Нејзината должина изнесува 282 километри, од кои 254 км на копно и 27 км по вода. Географски особености Границата почнува од тромеѓата во средината на Преспанското Езеро, каде се среќаваат Македонија, Грција и Албанија. Потоа оди во начелно југозападен правец до Неправиште, каде потоа свртува на југоисток до Косовица и повторно продоложува во на југозападен правец и завршува во Крфскиот Теснец, крај истоимениот остров во Грција.
Гранични премини мини|300x300px|Граничниот премин Какавија-Арништа
Патни премини Албански пунктОбластГрчки пунктОкругАлбански патиштаГрчки патиштаСостојбаКакавијаЃирокастроАрништа (Ктисмата)Јанина29x29пкс Државен пат 4 25x25пкс Европски пат Е85325x25пкс Државен пат ЕО22 25x25пкс Европски пат Е853отворенКапештицаГорицаСмрдеш (Кристалопиги)Лерин29x29пкс Државен пат 3 25x25пкс Европски пат Е8625x25пкс Автопат 29 25x25пкс Европски пат Е86отворенКонисполВалонаСајадаТеспротијаДржавен пат 9725x25пкс Државен пат ЕО18отворенЛесковикГорицаМелисопетраЈанинаДржавен пат 8025x25пкс Државен пат ЕО35отворенСопикЃирокастроДримадесЈанинаЛокални патиштаотворен
Населени места Следува список на пограничните места од југ кон север. АЛБАНИЈА 70x70пксГРЦИЈА 70x70пксОбластОпштинаГран. преминГран. преминОпштинаОкруг Ј о н с к о М о р еВалонскаКонисполцентар|30x30пксцентар|30x30пксФилат (Филатес)ТеспротискиФојникЃирокастровскаДропулцентар|30x30пксцентар|30x30пксцентар|30x30пксцентар|30x30пксПогон (Погони)ЈанинскиПреметцентар|30x30пксцентар|30x30пксКоницаГоричкаКолоњацентар|30x30пксцентар|30x30пксНестрам (Несторио)КостурскиДеволцентар|30x30пксцентар|30x30пксКостур (Касторија)ПустецПреспаЛеринскиМ а к е д о н и ј а
Историја лево|мини|Американска карта на границата од 1971 г.|350x350пкс
Прва балканска војна Согласно Лондонскиот договор од 1913 година, со кој завршила Првата балканска војна (1912 - 1913), решавањето на статусот на новата држава Албанија и определувањето на нејзините граници биле одложени за подоцнежна одлука на Големите сили соочени со притисок од победниците во војната, Грција, Србија и Црна Гора. Во декември 1913 година, завршила работата на Комисијата за јужноалбанската граница, но конечното определување и поставување на границата било одложено со започнувањето на Првата светска војна во 1914 г.
Конференцијата на амбасадорите на 9 ноември 1921 година, под јурисдикција на Париската мировна конференција, ја потврдила, со одредени измени, границата предложена со Лондонската амбасадорска конференција (1912 - 1913). Меѓународната гранична комисија составена од Франција, Обединетото Кралство и Италија ја започнала демаркацијата во 1922 година, а ја завршила 3 години подоцна во 1925 г. Конечниот чин на разграничување го потпишале Велика Британија, Франција, Италија, Грција и Југославија во Париз на 30 јули 1926 г. Следниот опис-предлог за границата бил претставен од страна на Меѓународната гранична комисија во 1925 година, признаен од Грција и Албанија. Нејзини потпишувачи биле Митхад Фрашери од албанска и Христос Аврамидис од грчка страна.
Втора светска војна и Грчка граѓанска војна Со италијанската окупација на Албанија, на 28 октомври 1940 г. започнала Грчко-италијанската војна со обид на целосна окупација на сојузничка Грција од страна на италијанските фашистички сили, почнувајќи од албанско-грчката граница. Меѓутоа, со вмешаноста на нацистичка Германија и операцијата Марита, земјата целосно била окупирана од Силите на Оската. За време на Граѓанската војна во Грција (1946 - 1949), на 24-29 август 1949 г. на пограничната планина Грамошта се случила решителната Битка на Грамошта, каде со помош од американски и британски сили и напалм-бомби е поразена Демократската армија на Грција (ДАГ).
Поврзано
Албанско-грчки односи Граници на Албанија Граници на Грција
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Граници на Албанија Категорија:Граници на Грција