Цвета Гинова Богдановска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Во летото 1942 година била член на воспитна група, а вo почетокот на 1943 година и член на СКОЈ. Организирала младинки за собирање народна помош и изработување топла облека. Во нејзиниот дом престојувале илегалци, а со формирањето на партизанскиот одред „Кораб“ таа ја одржувала врската со Одредот и ги префрлувала дојдените илегалци од Гостивар до партизанската база. Со палењето на селото (19/21 август 1943 година) се преселила во Гостивар, каде nродолжила активно да дејствува во заднината на НОД.

Поврзано Перса Богдановска Ленка Богдановска Тоде Богдановски

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ