Конан Ли Греј (англ. Conan Lee Gray; роден на 5 декември 1998 година) ― американски пејач и поранешен јутубер.

На меѓународната музичка сцена се пробил со хитовите „Maniac“ и „Heather“, а неговиот прв студиски албум Kid Krow (2020) станал најдобар дебитантски албум на годината во САД. Неговиот втор студиски албум, Superache (2022), добил признание од критиката, а слично признание добил и неговиот трет студиски албум Found Heaven (2024).

Живот и кариера Конан Ли Греј е роден на 5 декември 1998 година во Лемон Гроув, Калифорнија. Татко му е Ирец, а мајка му Јапонка. Додека бил доенче, неговото семејство се преселило во Хирошима, поради здравствената состојба на неговиот дедо кому му бил дијагностициран рак. По смртта на неговиот дедо, семејството се вратило во Калифорнија.

Родителите на Греј се развеле кога тој имал три години, а потоа бил одгледан од мајка му. Бидејќи неговиот татко бил воено лице, Греј 9 пати се преселил во текот на неговото детство.

На крајот се преселил во Џорџтаун, Тексас, каде што останал до крајот на тинејџерските години. Бил примен во UCLA и во септември 2017 година се преселил во Лос Анџелес. Сепак, по само два месеци се откажал од факултетот за да започне музичка кариера откако претходно потпишал со Republic Records.

2013–2019: Канал на YouTube и Sunset Season Конан Греј го креирал неговиот официјален канал на YouTube во 2013 година. На почетокот објавувал видеа насочени претежно на неговиот секојдневен живот. Греј снимил музика, ја покажал својата уметност и создал други видеа за неговиот блог со над 25 милиони прегледи.

Во март 2017 година, Греј го објавил неговиот прв оригинален сингл „Idle Town“. Песната добила над 14 милиони стримови на Spotify и 12 милиони прегледи на YouTube. Во ноември 2018 година, го издал мини-албумот Sunset Season, кој ги содржел песните: „Idle Town“, „Generation Why“, „Crush Culture“, „Greek God“ и „Lookalike“. ЕР-то се искачило на 2-ро место на <i id="mwpQ">Billboard</i> Heatseekers Albums. мини| Греј на настап во 2019 година

2020–2021: Издавање на албумот Kid Krow На почетокот од 2020 година, синглот на Греј „Maniac“ станал успешен на меѓународното мејнстрим поп радио, конкретно во Австралија, каде што бил сертифициран со платина. Песната исто така била сертифицирана со платина во Канада и со злато во САД. На 20 март 2020 година, Греј го издал неговиот прв студиски албум, Kid Krow, кој дебитирал на петто место на Билборд 200, како и на првото место на топ-листата за поп-албуми во САД. Албумот во САД станал најдобар деби-албум за 2020 година и бил најуспешен поп-соло деби-албум во повеќе од две години од истоимениот албум на Камила Кабељо од 2018 година.

Кон средината на 2020 година, Форбс и Билборд го навеле Греј како фаворит за освојување на наградата за најдобар нов изведувач на Греми наградите во 2021 година. Неговата светската турнеја Kid Krow во 2020 година била откажана поради пандемијата на КОВИД-19. Во август 2020 година, песната „Heather“ станала популарна на ТикТок. Со таа песна Греј за првпат се пласирал на Billboard Hot 100, а се пласирал и меѓу најдобрите 40 песни на топ-листите во: Обединетото Кралство, Австралија, Нов Зеланд и Ирска. Во октомври 2020 година го издал синглот „Fake“ со американскиот пејач Лаув.

2022-денес: Superache и Found Heaven На 24 јуни 2022 година Греј го издал неговиот втор албум под наслов Superache. Албумот имал 12 песни и вкупно времетраење од 40 минути. Покрај албумот, било објавено и видеото за синглот „Disaster“, како и најавата на Греј за неговата четврта концертна турнеја, Superache Tour, која траела од септември 2022 до март 2023 година. Во април 2022 година, се појавил како изненадувачки гостин на Sour Tour на Оливија Родриго во Ванкувер и тие направиле преработка на песната од Кети Пери, „The One That Got Away“.

На 5 април 2024 година, Греј го објавил неговиот трет студиски албум насловен Found Heaven. За да го поддржи Found Heaven, Греј во јули 2024 година ја започнал неговата петта концертна турнеја, Found Heaven On Tour.

Наводи

Надворешни врски

Conan Gray on Instagram Conan Gray's Fans Had Front Row Seat to His Path to Rising Star – Documentary by Uproxx and Honda on YouTube

Категорија:Живи луѓе Категорија:Американци со ирско потекло Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Јутјубери Категорија:Пејачи од Тексас Категорија:Пејачи од Калифорнија Категорија:Американски кантавтори Категорија:Американци со јапонско потекло