Ана Мордо Јакар ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија, една од жртвите на Холокаустот.
Животопис Од 1942 година била член на младинска воспитна група. Работела меѓу еврејската женска младина во Штип со која собирала народна помош.
Тошо Арсов во 1942 година раководел со три воспитни групи на млади Евреи, а во третата членувала и Ана. Во групите биле следните младинци: Прва група: Исак Сион Леви, Бирja Бонано, Барух Исак Леви и Жак Давид Сион. Втора група: Исак Моис Леви, Витал Мушон Сион, Давид Самуел Сион и Давид Хаим Леви. Трета група: Матилда Барух Сион, Адела Целебон Леви, Ана Мордо Јакар и Пава Хаим Леви. На 11 март 1943 година, од страна на бугарскиот окупатор била депортирана во концентрациониот логор Треблинка во Полска, каде била задушена во гасна комора.
Поврзано
Депортација на Евреите од Македонија
Наводи
Надворешни врски
77 години од нацистичката депортација на македонските Eвреи: Целото Еврејско Маало во Штип било срамнето со земја Одбележани 78 години од депортацијата на штипските Евреи Одбележан денот на депортацијата на Евреите од Штип, Битола и Скопје
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна