Долаган — вид кафеава пастрмка (Salmo trutta) ендемски вид на Лох Неј, Северна Ирска, и многу од нејзините притоки. Тие се вид на пастрмка што се сели, и која полемиот дел од годината го поминува во езерото, а се враќа во реките на есен за мрестење. Долаган се многу барани риби од рибарите во Антрим, Тирон и Лондондери поради нивната големина, во споредба со немиграциската пастрмка што се наоѓа во потоците како што се реката Балиндери, реката Мојола и реката Мејн. Тие често се фаќаат во темница користејќи методи многу слични на оние за риболов на морска пастрмка, каде што се претпоставува дека нивното име доаѓа од стар ирски збор за „дух“. Многу рибари ги сметаат за недостижен вид и ги нарекуваат „морска пастрмка од Лох Неј“. Нивната тежина варира во голема мера. Во Ирска постојат уште три типа кафеава пастрмка: гилару, сонаген и ферокс. Се верува дека долаган потекнува од морската пастрмка која, пред многу години, била изолирана од морето и останала во копнените води.
Надворешни врски Би-Би-Си Нејчр Риболов во Северна Ирска Риболов со мушичка Долаханска пастрмка
Категорија:Пастрмка