Атанас Богоев Мицев, повеќе познат по псевдонимот Џамо (Прилепец, 20 декември 1872 — Селце, 1957) — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. За време на Втората светска војна, соработувал со бугарските фашистички окупатори и ја предал НОО „Ѓорче Петров“.

Животопис Атанас Мицев е роден на 20 декември 1872 година во селото Прилепец, тогаш дел од Отоманското Царство. Во 1901 година, со поттик од Даме Груев и Атанас Лозанчев, се приклучил во Македонската револуционерна организација.ЦДА, ф. 382к, оп. 3, а.е 1049 Легално дејствувал во прилепскиот регион. Соработувал со Петар Ацев, Крсте Гермов и Толе Паша. Во текот на Првата светска војна, кога Кралството Србија ја окупирала Вардарска Македонија, Џамо бил назначен за војвода во Мариовско.Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 133.

За време на Велигден 1914 година, заедно со неговата чета, го ликвидирале србоманот Ванѓел Скопјанчето. Меѓу четниците бил и младиот македонски поет Даме Попов. Во 1921 година бил уапсан и поминал две години во затвор. Во 1924 година бил уапсан и интерниран во Пожаревац. За време на Втората светска војна, соработувал со бугарските фашистички окупатори во Македонија.

На 20 декември 1942 година, за време на Народноослободителното движење, ги предал борците од НОО „Ѓорче Петров“ кои престојувале во селската црква „Свети Никола“. Во 1943 година поднел молба за бугарска пензија.ДАРМ Ф.1095 После војната, бил додаден во список на сомнителни личности. За време на периодот на Информбирото, осуден е 6 години во затвор. Отпрвин бил интерниран во Идризово но подоцна е префрлен во Параќин, СР Србија.

Починал во 1957 година под мистериозни околности. Според неговиот внук Павле, еден ден отишол да собере дрво и никогаш не се врати. 3-4 месеци подоцна жител од Селце го пријавил неговото тело. Владата на СР Македонија навела дека неговиот смрт било несреќа. Имал два сина, Марко (1912 — 2001) и Георги.ДВИА Ф. 364

Наводи

Категорија:Родени во 1872 година Категорија:Починати во 1957 година Категорија:Луѓе од Прилепец Категорија:Починати во Селце (Прилепско) Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Дејци на МРО Категорија:Затвореници и притвореници во Југославија Категорија:Затвореници во Македонија Категорија:Бугаромани Категорија:Македонци од Првата светска војна