Виолета Јованоска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Орден на заслуги за народ од III ред.
Животопис Учествувала во НОД од март 1942 година како ученичка во Струшката гимназија. Станала член на СКОЈ од пролетта 1942 година, а на КПМ од март 1943. Во септември 1943 година била борец во единиците на НОВ и ПОМ, а потоа во Првата македонско-косовска ударна бригада, во следечката чета, како санитетка. Наскоро била префрлена на работа во партизанската болница во селото Локов, Караорман. Во пролетта 1944 година со враќањето на Бригадата на теренот во западна Македонија одново се приклучила во нејзините редови, како санитетка. Со ослободувањето на Охрид, била повлечена од единиците на НОВ и доделена за работа во заднината - ангажирана во организирањето на општествено-политичките организации во Струшко. Носител е на орден заслуги за народ III ред.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носител на орден за заслуги за народ