Ванчо Балевски (, ) — македонски фудбалер и тренер. Играл како играч од средниот ред за ФК Вардар. Исто така, играл во странство за „Карлсруер“ во Бундеслигата, како и за „Торонто Метрос-Кроација“ во Северноамериканската фудбалска лига.
Кариера како играч Ванчо е роден во Скопјe на 3 јули 1947 година како син на Тодор Балевски, кој играл за „Вардар“ во текот на доцните 1940-ти и 1950-тите. Вдахновен од својот татко и под менторство на својот соиграч Урош Петровски, Ванчо се искачувал во рангот и ги добивал пофалбите на играчи како Миљан Миљаниќ и Анте Младиниќ, а потоа почнал да игра во младинската репрезентација на Македонија. Тој постигнал понатамошен успех достигнувајќи до младинската репрезентација на Југославија заедно со Михајло Чаршафски и Лазар Мојсов. И покрај првичните успеси во фудбалската кариера, тогашниот тренер на „Вардар“, Хуго Рушевљанин, сметал дека Балевски не е доволно добар за да игра за првиот тим. Разочаран, Балевски преминал во месниот ривал Работнички, каде што играл заедно со Томче Филиповски, Јосиф Сребров, Миди Каратошев и Панде Наков. За Работнички играл две сезони, сè до доаѓањето на новиот тренер на „Вардар“, Душан Варагиќ, кој му понудил на Балевски да се врати во својот матичен тим.
По краток престој во задолжителната воена служба, тој го имал својот прв настап во сезоната 1968-69 во Првата југословенска лига, каде што настапил само шестпати поради неговото доцно пристигнување. Следната сезона, 1969-70, тој бил поприсутен во текот на сезоната и имал 27 настапи. И покрај ова, клубот испаднал од највисоката лига на југословенскиот фудбал. За среќа на Балевски и неговите соиграчи, тренерот Кирил Симоновски веднаш го вратил клубот од Втората лига, а Балевски бил вториот најдобар стрелец за клубот со девет гола, по 16-те на Крсто Врбица. Следната сезона 1971-72 ја виде една од најдобрите сезони на Балевски, бидејќи тој бил најдобар стрелец со 8 гола во 34 настапи. До неговата последна сезона во сезоната 1974-75, Балевски имал 379 настапи за „Вардар“ и постигнал 128 гола, вбројувајќи се меѓу десетте најдобри стрелци на клубот.
По неговата успешна кариера во „Вардар“, Балевски потпишал договор со Хајдук Сплит во втората половина од сезоната 1974-75, каде што одиграл само 16 натпревари и постигнал три гола. Откако клубот ја освоил титулата и останал во Прва лига на Југославија во сезоната 1975-76, Балевски заминал во Германија, каде играл за Карлсруер, во сезоната 1976-77. Таму останал во првата половина од сезоната 1977-78, сè додека не го привлекол вниманието на тренерот на Торонто Метрос-Кроација, Домагој Капетановиќ, и одиграл 14 натпревари и постигнал 7 гола. Последната сезона пред да се пензионира, ја поминал во „Олимпија Љубљана“ во сезоната 1978-79.
Кариера како менаџер Балевски го наследил Добре Димовски како селектор на женската фудбалска репрезентација на Македонија од 2014 до 2016 година.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Хајдук Сплит Категорија:Фудбалери на ФК Карлсруе Категорија:Фудбалери на ФК Олимпија Љубљана Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Македонски иселенички фудбалери Категорија:Југословенски фудбалери