Дејан Илиев (роден на 25 февруари 1995 година) — македонски професионален фудбалер кој игра како голман за клубот Рапид Букурешт од романската Лига I, и за фудбалската репрезентација на Македонија.

Кариера

Ран живот Илиев е роден во Струмица, Македонија, а фудбалски дебитирал во младинскиот клуб во својот роден град, ФК Беласица. Тој бил забележан од агентите на Арсенал и потпишал договор за нивната академија во Лондон, во 2012 година.

Арсенал Илиев се приклучил на Академијата на Арсенал веднаш по потпишувањето на младинскиот договор. Тој потпишал тригодишно продолжување на договорот од март 2015 година до јуни 2018 година, кога потпишал уште едно продолжување. Илиев се појавил три пати во составот на Арсенал како неискористена замена: против Норич во Карабао Купот во октомври 2017 година и двапати во УЕФА Лига Европа против Карабах и против Челзи во финалето како трет голман.

Договорот на Илиев со клубот бил раскинат во јануари 2022 година со меѓусебна согласност.

Позајмица на Серед Во јули 2019 година, се преселил во ШКФ Серед на едногодишна позајмица, а на 22-ри истиот месец дебитирал за својот нов клуб кога бил поразен со 2:0 од Спартак Трнава.

Позајмица на Јагелонија Бјалисток По раниот крај на неговата позајмица во ШКФ Серед, Илиев одлучил да се приклучи на полскиот клуб во полската Екстракласа Јагелонија Бјалисток до крајот на сезоната 2019/20 година. Тој одиграл четири натпревари откако се повредил.

Позајмица на Шрузбери Таун На 8 октомври 2020 година, Илиев се приклучил кон тимот од англиската Лига Еден ,ФК Шрузбери Таун, на краткорочна позајмица. На 28 јануари 2021 година, тој се вратил повторно во Арсенал.

Втор заем на Серед На 26 јули 2021 година, Арсенал објавил дека Илиев се вратил во ШКФ Серед на позајмица до крајот на сезоната.

АС Тренчин На 7 февруари 2022 година, Илиев потпишал договор на една ипол година со клубот од Фортуна Лига АС Тренчин. Тој дебитирал на голот на 30 април во победата од 5:2 против Татран Липтовски Микулаш.

ХЈК Хелсинки На 8 февруари 2023 година, Илиев потпишал со ХЈК Хелсинки во Финска за сезоната 2023, со опција за продолжување и во 2024 година. На 1 август 2023 година, било објавено дека Илиев ќе биде исклучен до крајот на сезоната по повредата на лактот, заработена на натпреварот против СЈК Сеинајоки. На крајот од сезоната, ХЈК не ја искористил својата опција и Илиев бил ослободен.

Сараево Во декември 2023 година, Илиев потпишал договор и со клубот од босанската Премиер лига, Сараево. На крајот од сезоната, клубот одлучил да не го продолжи договорот на Илиев.

УТА Арад На 18 јуни 2024 година, Илиев потпишал нов договор со клубот од романската Лига 1 УТА Арад.

Меѓународна кариера Илиев вкупно десет пати настапил за селекциите на Македонија до 19 и до 21 година. Тој бил повикан во сениорската репрезентација, во која дебитирал во 2022 година.

Почести Арсенал

Вицешампион на УЕФА Лига Европа : 2018–19

ХЈК

Веикауслига : 2023 Фински Лига Куп : 2023

Наводи

Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци Категорија:Фудбалери од Струмица Категорија:Родени во 1995 година