Џој Оласунмибо Огунмакин (родена на 14 септември 1980 година), професионално позната како Ајо е германска пејачка и актерка. Нејзиното сценско име потекнува од преводот на нејзиното име на јазикот јоруба, радост.

Нејзиниот прв албум Џојфул (Joyful), издаден во 2006 година, достигал двојно платински статус во Франција, платински во Германија и Полска и златен статус во Швајцарија, Италија и Грција. „Interscope Records“ го издал албумот во Соединетите Држави на 20 ноември 2007 година.

Родена била во Фрекен во близина на Келн, Германија, има син по име Најл, роден кон крајот на 2005 година и ќерка по име Били-Ив, родена во јули 2010 година, со германскиот реге пејач Патрис, од кој сега е разделена. На крајот на 2007 година, се преселила со своето семејство во населбата Гринич Вилиџ на Менхетен во Њујорк. Моментално, живее во Тахити, Француска Полинезија со своите деца.

Тогашниот претседател на УНИЦЕФ Франција, Жак Хинци, на 4 февруари 2009 година објавил дека пејачката е именувана за покровител на УНИЦЕФ за промоција на правото на образование за сите деца во светот.

Француската продуцентска куќа MK2 го продуцирала филмот „Ајо Џој“, 90-минутен документарец за пејачката и нејзиниот живот, во 2009 година. Филмот е режиран од Рафаел Дурој. лево|мини|Монако, 30 август 2007 година (фотографија од Лионел Урман)

Музичка кариера десно|мини|Во Парадизо (Амстердам), 13 септември 2007 година На крајот на 2007 година, Ајо започнала концертна турнеја низ Германија и САД. На нејзината американска турнеја таа настапила со Кенет „Бејбифејс“ Едмондс. Во јуни 2008 година, пејачката ја започнала својата втора турнеја низ САД и Канада. лево|мини|Ayọ 2011 (фотографија на Николас Еспосит) На 10 март 2008 година, Ајо започнала со снимање на својот втор албум Гравити ет лест (Gravity at Last). Таа е ко-продуцент на албумот со Џеј Њуленд. Нејзиниот бенд ги вклучува Кит Кристоферсон (бас), Лари Кембел (гитари и други гудачки инструменти), Лаки Питерсон (клавијатури), Шерод Барнс (гитара/вокал) и Џермејн Париш (тапани). Албумот со 13 песни што ги напишала и компонирала пејачката бил снимен за само 5 дена и бил издаден кон крајот на септември 2008 година од страна на „Јуниверсал мјузик Франс“. Албумот достигнал број 1 на француските топ листи на албуми во октомври. На 21 ноември 2008 година, Ајо ја започнала својата промотивна турнеја за албумот во Берлин, која вклучува околу 30 концерти во пет европски земји.

Во 2008 година, Ајо ја освоила наградата EBBA за нејзиниот албум Џојфул. Секоја година, Европските награди „Border Breakers“ го признаваат успехот на десет млади уметници или групи кои допреле до публика надвор од своите земји со својот прв меѓународно издаден албум во изминатата година.

Третиот албум на Ајо, „Били-Ив“, именуван по нејзината ќерка, бил снимен во Њујорк Сити во соработка со музичари како Крег Рос (гитарист на Лени Кравиц ), раперот Сол Вилијамс, Матиу Шедид и Гејл Ен Дорси, басист на Дејвид Боуви. Албумот првпат бил издаден на 7 март 2011 година во Франција, а Ајо започнала промотивна турнеја низ Франција и Полска на 21 март 2011 година. Ајо потпишала договор со МБМ Рекордс во 2011 година во САД. „Били-Ив“ бил издаден во САД на 20 март 2012 година. На крајот на 2011 година, пејачката се преселила во рамките на Јуниверсал Груп од издавачката куќа Полидор во издавачките куќи Меркури Франс и Моутаун. десно|мини|250x250пкс|Ајо за време на нејзината турнеја во 2014 година во Буш Хол, Лондон (фотографија од Орелиен Ле Рош) Ајо во 2013 година започнала да го снима својот четврти албум Тикет ту д Ворлд (Ticket to the World), кој бил издаден на 7 октомври 2013 година. Албумот е креиран од продуцентот Џеј Њуленд, кој ги продуцираше и нејзините први два албума. Првата песна од овој албум, Фајр, била издадена на 10 јуни 2013 година. Втората верзија на песната настапува францускиот рапер Јусуфа била издадена во август 2013 година. По објавувањето на албумот, Ајо патуваla од крајот на октомври 2013 година неколку месеци низ Европа. Концертите се одржaле во Франција, Луксембург, Швајцарија, Белгија, Полска, Германија, Велика Британија и други земји.

Наводи

Категорија:Германски пејачки Категорија:Германски пејачи Категорија:Родени во 1980 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Ромски музичари