Љубка Василева Рондова-Карајанева () ― бугарска пејачка на народни песни со македонско потекло.

Животопис Родена е во костурското село Шестево во 1936 година. Во 1948 година, за време на Грчката граѓанска војна, влегла во групата на таканаречените деца бегалци, со кои е изнесена од комунистичките партизани надвор од земјата. Живее во Полска и Чешка. Завршува словенска филологија на Карловиот универзитет во Прага. Зборува неколку странски јазици. Во 1960 година семејството на Љубка се преселува во Бугарија и таа работи како туристички водич, преведувач, уредник и служител во оддели за култура во различни организации.

Нејзиниот сериозен пат на народна пејачка започнува по преселувањето во Софија, кога се зачленува во најстариот ансамбл во Бугарија за народни песни и танци „Гоце Делчев“. Во него останува 30 години, каде долго време е солистка и лицето на ансамблот. Нејзиниот репертоар е изграден врз основа на песни, наследени од мајка и и баба и а ги усовршува и своите изведувачки способности.

Во 1980 година, таа ги направила првите записи во Бугарското радио, а потоа и во Балкантон, Бугарската телевизија, Радио Благоевград. Тие се тиражирани на голем број грамофонски плочи, аудио и видео албуми.

Во 2000 година, е издаден нејзиниот прв албум на компакт диск „Смилјана“. Во него се вклучени 22 најпопуларни и омилени песни од целото нејзино 40-годишно музичко наследство. Во 2003 година, излегува и нејзиниот втор компакт диск „Песните се моите деца“, во кои се вклучени 15 потполно нови исполнувања.Љубка Рондова - песните се моите деца Од нив 9 стари автентични песни од нејзиното родно Костурско и 6 авторски.

Сѐ до нејзината смрт Љубка Рондова продолжува да открива и запишува автентични народни песни.

За нејзиниот придонес во развојот и популаризирањето на бугарската култура, на 22 мај 2002 година Љубка Рондова е удостоена со орден „Стара планина“. Таа е носител на орден „Кирил и Методиј“ II степен и златен медал „Петко Војвода“.

Надворешни врски Интервју со Љубка Рондова во „Операција Слава“ дел 1 Интервју со Љубка Рондова во „Операција Слава“ дел 2

Наводи

Категорија:Бугарски пејачи Категорија:Луѓе од Шестево Категорија:Бугарски уметници од Македонија Категорија:Починати во 2016 година Категорија:Деца бегалци Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Починати во Софија Категорија:Апсолвенти на Карловиот универзитет