thumb|200px|right|Светата сенота во Чичен Ица. Сеноти (шпански: cenote) — дупка исполнета со подземна вода опколена од карпи. Сенотите се типични за Јукатан, Мексико и во околните карипски острови. Името на сенотите доаѓа од називот на Маите за место каде е достапна свежа вода. Сенотите имале важна улога во религискиот живот на Маите и се верувало дека тие се преминот од материјалниот кон подземниот свет каде живееле богови, духови и натприродни суштества.

Сенотите и Маите

Полуостровот Јукатан скоро и да нема реки и има малку езера. Сенотите се единствените извори на свежа вода на полуостровот. Главните мајански центри имале потреба од достапност до извор на свежа вода, и токму поради тоа големите градови, меѓу кои и Чичен Ица, биле градено до овие природни извори на вода. Некои од сенотите, како на промер Сенотата на жртвувањето, имале главна улога во религијата на Маите. Верувајќи дека сенотите се премин кон подземјето и задгробниот живот, Маите фрлале вредни артефакти во сенотите, но покрај овие вредни подароци Маите фрлале и човекови жртви најчесто млади момчиња и девојки како дар за Боговите.

Познати сеноти Мексико Јукатан Дос Охос, во близина на Тулум, Мексико Цибилчалтун, Јукатан, Мексико Света сенота, Чичен Ица, Мексико Xtacunbilxunan, Болончен , Мексико

Сентрален и северен регион Закатон, Тамаулипас, Мексико

Канада Ѓаволска бања, северен Ванкуверски Остров, Канада

САД Ботомлес Лејк, во близина на Розвел, Ново Мексико Монтезумас Вел, Аризона

Автралија Ивенс Пондс, Јужна Австралија

Наводи

Надворешни врски

Система Закатон Вулканска карстификација на Система Закатон, Мексико Формирање на сеноти Сеноти Сеноти во Чичен Ица Кинтана Ро Конференција за сеноти во Перуџа, Италија Карти на Чикхулуб и Прстенот на сеноти

Категорија:Сеноти Категорија:Мајанска религија и митологија