Госно (, Лаханокипи; до 1926 г. Γκόσνο, Госно) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 86 жители (2021), сочинето целосно од Македонци.
Географија и местоположба Селото е сместено околу 12 км југозападно од градот Костур, во близина на реката Галешово, на нејзината лева страна, на надморска височина од 670 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Госно било македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во селото Госно имало 152 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 во Госно живееле 240 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.180-181.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Госна се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 30 куќи.
Според грчки извори, во 1905 г. во Госно имало 200 жители „Грци“.
Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 30 македонски семејства.Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 9.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 121 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 161.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Госно имало 50 куќи на словени (Македонци) христијани.
Во 1926 година, името на селото било променето во Лаханокипи (Λαχανόκηποι).
Стопанство Населението произведува тутун и градинарски култури.
Население Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 121 жител, во 1920 година со 161 жител, во 1928 година со 196, во 1940 година со 264, во 1951 година со 270, во 1961 година со 265, во 1971 година со 184, во 1981 година со 215, а во 1991 година со 202 жители.
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Рупишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Рупишта, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Старичани, во кој влегуваат и селата Лудово и Старичани.
Културни и природни знаменитости
Цркви
„Св. Лука“ — средновековна црква во урнатини „Св. Никола“ од 1834 г.
Личности Родени во Госно
Христо Чаушев — гркомански андартски деец
Наводи
Категорија:Рупишта