Минатото определно свршено време (МОСВ), поретко: аорист — граматичко време со кое македонскиот јазик се служи да искаже минато, завршено и заокружено дејство. Со цел да се образува ова време, македонскиот јазик има развиено само четири различни наставки за соодветни лица и две нулти наставки.

Образување

За образување на минатото определено свршено време, македонскиот јазик има развиено систем на наставки кои се додаваат на основниот глагол. Наставките кои се додаваат според лица се:

еднина множина1.− в − вме2.∅ − вте3. ∅ − а / − ја

Со дадените наставки, сите глаголи од сите глаголски групи и подгрупи можат да се сменат по лица, па така имаме:

а - глаголска групапрочита и - глаголска групаи-раздел: прати и - глаголска групае-раздел: оздрави и - глаголска групаа-раздел: издржиЈаспрочитав пратив оздравев издржавТипрочита прати оздраве издржаТој, таа, тоапрочита прати оздравеиздржаНиепрочитавме пративме оздравевме издржавмеВиепрочитавте пративте оздравевте издржавтеТиепрочитаа пратија оздравеа издржаа

е - глаголска групаа-раздел: стане е - глаголска групае-раздел: сотре е - глаголска групао-раздел: дојде е - глаголска групараздел без самогласка: измиеЈасстанав сотрев дојдов измивТистана сотре дојдеизмиТој, таа, тоастанасотредојдеизмиНиестанавме сотревме дојдовме измивмеВиестанавте сотревте дојдовте измивтеТиестанаа сотреа дојдоа измија

Од промената на глаголите во ова време се забележува дека:

второто и третото лице во еднина се еднакви и без лична наставка; основната самогласка не се менува при промената по лице, освен во о-раздел од е-глаголската група, каде што наместо о се јавува е во второто и третото лице еднина; кај глаголите со раздел без основна самогласка личните наставки се додаваат на општиот дел од глаголот; Наставката -ја се јавува кај глаголите од и-група со и-раздел и кај глаголите од е-група со раздел без самогласка.

Употреба

Основното значење на минатото определено свршено време е да се искаже заокружено и засведочено дејство, во присуство или со учество на оној што зборува во еден определен момент во минатото. Временскиот период што го опфаќа ова време може да биде сосема кус (пр: Погледнав накај него.), како и долг (пр: Куќата ја изградија за шест месеци).

За образување на ова време се употребуваат глаголи од свршен вид. Во поретки случаи, обично во народниот јазик, има и образување со несвршени глаголи, како на пример: Три дни лежев болен. Една вечер спав надвор.

Покрај основното значење, со ова време може да се означи и:

идност услов современост

Наводи

Поврзано

Минато определено свршено време Граматика на македонскиот јазик Глаголи во македонскиот јазик Македонски јазик

Надворешни врски Македонска граматика од Виктор Фридман. Граматика на македонскиот литературен јазик од Хорас Лант. Македонска граматика од Круме Кепески.

Категорија:Глаголски времиња во македонскиот јазик