Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 (, ) — македонски шоумен, водител, имитатор, менаџер и пејач,Боки станува пејач познат по својата екстравагантност. Во 2019 година судските власти во Македонија покренале постапка со која се обвинува Јовановски, подоцна и притворува, за рекет, односно изнуда на парични средства од македонски стопанственици заради олеснување при судски процеси во кои се вмешани стопанствениците. Основач е на телевизијата 1ТВ и невладина организација, кои исто така се вмешани во скандалот „Рекет“.
Кариера
Бојан Јовановски завршил Факултет за туризам, но својата кариера ја гради во естрадните води. Своите почетоци ги забележува со организирање на церемонијата за доделување 13 награди на популарностаОграбена куќата на Б. Јовановски по што го добива и прекарот „Боки 13“. Оваа манифестација Бојан ја прекинува со одржување и продолжува со водителските води каде досега имал неколку телевизиски емисии на неколку македонски телевизиски канали. Во меѓувреме, Бојан Јовановски започнува и со пејачката кариера и има свои композиции на македонски и српски јазик. Својата популарност ја достигнал со имитаторството на познати балкански пејачи и по својот женски стил на облекување. Во текот на својата досегашна кариера Бојан има одржано неколку концерти меѓу кои концертот во Охрид, концертот во Скопје, Штип, Битола и останати места во Македонија. Исто така конкурирал и на македонскиот избор за песна на Евровизија со пејачката Биг Мама.Exclusive.com.mk
Како пејач досега ги има снимано следните композиции:
„Преко стола“ - на српски јазик „Отвори се“ - на српски јазик „Холивуд“ - на македонски јазик
Спотови Спот Година Режисер Холивуд 2008 Bomba.com 2008 Отвори се 2009 Томато продукција Деца ночи 2010 Дејан Миличевиќ Калигула 2012 Дејан Миличевиќ Само една песна таговна 2024 Даниел Јовески Све 2026 Весна Петрушевска 13 причини 2026 Весна Петрушевска 13 разлога 2026 Бојан Јовановски,Давор Арџиќ TBA 2026
Правни постапки Јовановски бил казнет со €15.000 за шверц на дизајнерска облека преку Меѓународниот аеродром во Скопје во март 2018 година.time.mk На 15 јули 2019 година, Бојан Јовановски бil уапсен по налог на Обвинителството за организиран криминал под сомнение за рекетирање. Овој настан се случил по објавувањето на видео и аудио снимка од неименуван извор од страна на италијанското списание „Ла Верита“, на кои се гледа како Јовановски добива мито од 1,5 милиони евра од македонскиот бизнисмен Јордан Камчев, кој пак бил обвинет за организиран криминал, за Јовановски да влијае врз обвинителката Катица Јанева, со која тврдел дека има блиски врски, да суди во корист на Камчев.Објавени снимки од италијанскиот весник Ла Верита Јовановски, исто така, споменал на снимките дека контактирал со премиерот Зоран Заев, во врска со случајот. Заев цврсто ги негирал овие шпекулации, нарекувајќи ги неосновани и потсетил дека тој е оној што го пријавил случајот против Камчев. На 18 јуни 2020 година, Јовановски бил осуден на девет години затвор за незаконско влијание и перење пари.
Во април 2022 година, Јовановски бил прогласен за виновен и по обвинението за измама на двајца македонски бизнисмени за близу еден милион евра преку неговата невладина организација „Меѓународен сојуз“.
Затворската казна од 9 години била намалена во 2025 година, на 5 години затвор, поради влошена здравствена состојба на Бојан Јовановски.Од 9 на 5 години затвор
Наводи
Надворешни врски За инат на сите - Боки 13 ја наполни салата Боки 13 - Отвори се Боки 13 - Преко стола Боки 13, Биг Мама и Ферус Муставоф - Холивуд
Категорија:Македонски злосторници Категорија:Македонски пејачи Категорија:Македонски телевизиски водители Категорија:ЛГБТ-личности од Македонија Категорија:ЛГБТ-пејачи Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници во Македонија