За други значења поимот „Турија“ видете на појаснителната страница

Турија — вештачка акумулација изградена во 1972 година на истоимената река Турија во Струмичката Котлина. Се наоѓа на 16 км северно од Струмица. Браната е земјено-насипна, со глинено јадро преку кое е нафрлан чакал и камен. Круната е долга 417,3 м, широка 8 м, и висока над теренот 78 м. Должината на заезерениот дел изнесува 4,5 км, широчината 500 м, а зафаќа површина од 0,16 км2. Вкупната зафатнина на акумулациониот базен изнесува 48.000.000 м3, од која 3.000.000 м3 е мртов простор. Се користи за наводнување на 10.000 ха обработливи земјоделски површини во Струмичкото Поле.Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002

Наводи

Категорија:Вештачки езера во Македонија