Карлос Алберто Тевес (шпан. Carlos Alberto Tévez, роден на во Буенос Аирес, Аргентина) — аргентински фудбалер, напаѓач на Бока Хуниорс и на аргентинската репрезентација. Неговата примарна позицијата е класичен напаѓач, но исто така во периодот додека играл за Манчестер Сити, бил користен на позицијата зад напаѓач во 4-2-3-1 формацијата на Роберто Манчини.

Марадона го нарекол Тевес аргентински пророк на 21-от векThe New Hammers..

Кариера Клупска кариера Тевес е роден во Сиудадела, град во покраината Буенос Аирес како Карлос Алберто Мартинес. Својте фудбалски почетоци ги направил во клубот Ол Бојс, а потоа преминал во Боку Хуниорс. За време на ова два клуба околу него, го променил своето презиме во девојачкото презиме на својата мајка. Како дете случајно си истурил вриена вода по телото од која се здобил со изгореници од трет степен и останал во болница два месеци.El País Како последица од тоа му останале раните од десното уво до градите. Додека играл за Бока Хуниорс, управата на клубот му понудила да му плати операција, но тој го одбил тоа со образложение дека лузните се дел од неговото минато.Clarín Со Бока Хуниорс ги освоил Апертура 2003, Копа Либертадорес и Интерконтиненталниот куп истата године, како и Копа Судамерикана 2004 година.

Во јануари 2005, Тевес ја напуштил Бока и потпишал за Коринтијанс за сума од 15 милиони евра, како дел од договорот кој го постигнал бразилскиот клуб со агенцијата Медија спортс инвестментс, која ги поседувала правата на Тевес. Неговиот трансфер бил најскапо платен во јужноамериканскиот фудбал. Бил прогласен за најдобар играч на првенството, а истотка тоа било првпат после 1976 година ова признание да го добие еден странски фудбалер.

На 31 август 2006 година, Тевес се преселил во Вест Хем Јунајтед кој објавил дека постигнал договор со агенцијата Медија спортс инвестментс за откуп на Тевес и Хавиер Маскерано, за надомест од 12 милиони £ за секој од нив посебно. Во својата единствена сезона со чеканите, постигнал 7 гола на 26 настапи, вклучувајќи го и оној во последното коло од првенството, за победа од 1-0 над Манчестер Јунајтед, со кој помогнал на Вест Хем да избегне испаѓање.

thumb|200px|right|Тевес во дресот на Јувентус во 2013. Во летниот преоден рок 2007 година, Тевес му се приклучил на Манчестер Јунајтед, но Вест Хем и понатаму ги задржал правата врз играчот. Играјќи за Манчестер Јунајтед, Тевез успеал да освои две титули во Премиер лигата, еден Лига куп, еден Комјунити Шилд, како и по еден наслов во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Откако му истекла позајмицата од осумнаесет месеци, Манчестер Јунајтед сакал да го откупи неговиот договор. Тие постигнале договор со неговата агенција, но Тевез бил незадоволен со минутажата одбил да го потпише понудениот петогодишен договор. Медиумите го најавиле неговиот трансфер во Ливерпул, но наместо нив Тевес го избрал Манчестер Сити и со тоа станал првиот играч кој преминал од едниот во другиот манчестерски клуб по Тери Кук во 1999.

На 26 јуни 2013, Тевес го напуштил Манчестер Сити по 4 сезони поминати во клубот и се преселил во Италија, потпишувајќи за тамошниот шампион Јувентус.Официјално - Карлос Тевез во Јувентус bukvar.mk Во својата прва сезона бил најдобар стрелец на клубот со 19 постигнати гола во Серија А, помагајќи му на Јувентус да го освои Скудетото.Тевез:Сега е време за славје и опуштање Grid.mk Исто така постигнал еден гол во победата со 4-0 над Лацио во Суперкупот.

Следната сезона Тевес одново бил ударната игра во нападот на екипата на Јувентус постигнувајќи 29 гола во сите натпреварувања. На крајот на сезоната со клубот освоил домашен дабл, и играл во финалето на Лигата на шампионите каде биле поразен од Барселона со 3-1.

По речиси една деценија играње во Европа, во јули 2015 Тевес се вратил во Аргентина во екипата на Бока Хуниорс, за сума од 6,5 милиони евра но во размена на играчи.

Репрезентативна кариера thumb|170px|right|Карлос Тевес во дресот на аргентинската репрезентација. Тевес со репрезентацијата на Аргентина учествувал на Светското првенство за играчи под 17 години. На Летните олимписки игри 2004 бил најдобар стрелец на тимот кој го освоил златниот медал; Тевес постигнал осум гола во шест натпревари на турнирот, вклучувајќи го и победоносниот погодок во финалето.

За сениорската репрезентација играл на Светското првенство 2006 и постигнал еден гол против Србија и Црна гора (6-0) во групната фаза. Учествувал и на Светското првенство 2010 и постигнал два гола против Мексико во осминафиналето, помагајќи и на својата репрезентација да победи со 3-1 и да се пласира во четвртфиналето.

На Копа Америка 2011, Тевес бил единствениот играч од двете страни кој промашил во пенал-серијата во четврт-финалето против Уругвај, што резултирало со елиминација на Аргентина. По назначувањето на Алехандро Сабелја за селектор во јули 2011 година, Тевез не бил повикан во репрезентацијата на Аргентина цели три години, пропуштајќи го и Светско првенство во 2014 на кое неговите сонародници биле вицешампиони.

Сепак, по заминувањето на Сабелја од клупата на Аргентина, новиот селектор Херардо Мартино го повикал одново Тевес за пријателските натпревари во ноември 2014. Тевес бил повикан и на Копа Америка 2015 во Чиле, каде за разлика од пред четири години кога во четврт-финалето на турнирот бил трагичар сега го постигнал победничкиот погодок во пенал-серијата против Колумбија (5-4 за Аргентина) со кој и донел пласман на својата селекција во полуфиналето. Аргентина стигнала до финалето каде биле поразени од домаќинот Чиле на пенали со 4-1.

Титули Клупски thumb|right|450px|Тевес со соиграчите од Манчестер Сити при прославата по повод освојувањето на ФА Купот за сезоната 2010-2011. Бока Хуниорс Примера Дивисион (1) : 2003 Апертура Копа Либертадорес (1) : 2003 Копа Судамерикана (1) : 2004 Интерконтинентален куп (1) : 2003 Куп на Аргентина (1) : 2014-2015

Коринтијанс Кампеонато Бразилеиро Серија А (1) : 2005

Манчестер Јунајтед Премиер лига (2) : 2007-2008, 2008-2009. Лига куп (1) : 2008-2009 ФА Комјунити Шилд (1) : 2008 Лига на шампиони (1) : 2007-2008 ФИФА Светско Клупско првенство (1) : 2008

Манчестер Сити Премиер лига (1) : 2011-2012 ФА Куп (1) : 2010-2011 ФА Комјунити Шилд (1) : 2012

Јувентус Серија А (2) : 2013-2014, 2014-2015 Суперкуп на Италија (1) : 2013 Куп на Италија (1) : 2014-2015

Репрезентативни Аргентинска репрезентација 20px|златен медал Јужно американско првенство за играчи до 20 години : 2003 20px|златен медал Летни олимписки игри : 2004

Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 24 октомври 2016.

+ Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2001-2002 Бока Хуниорс ПД 11 1 - - - - - - - - - 11 1 2002-2003 ПД 32 11 - - - КЛ 3 1 - - - 35 12 2003-2004 ПД 23 12 - - - КЛ 12 5 ИнтК 1 0 36 17 2004-2005 ПД 9 2 - - - КЛ+КС 10+9 3+3 - - - 28 8 2005 Коринтијанс А1/SP+А 13+29 7+20 КБ 6 4 КС 4 0 - - - 52 31 2006 A1/SP+А 7+9 6+5 - - - КЛ 8 4 - - - 24 15Вкупно Коринтијанс 20+38 13+25 6 4 12 4 - - 76 46 2006-2007 Вест Хем Јунајтед ПЛ 26 7 ФАКуп+ЛК 1+0 0 КУ 2Во преелиминарните рунди. 0 - - - 29 7 2007-2008 Манчестер Јуанјтед ПЛ 34 14 ФАКуп+ЛК 2+0 1 ЛШ 12 4 - - - 48 19 2008-2009 ПЛ 29 5 ФАКуп+ЛК 3+6 2+6 ЛШ 9 2 КШ+СУ+Скп 1+1+2 0 51 15Вкупно Манчестер Јунајтед 63 19 11 9 21 6 4 0 99 34 2009-2010 Манчестер Сити ПЛ 35 23 ФАКуп+ЛК 1+6 0+6 - - - - - - 42 29 2010-2011 ПЛ 31 20 ФАКуп+ЛК 6+0 3 ЛЕ 7Еден настап во преелиминарните рунди. 0 - - - 44 23 2011-2012 ПЛ 13 4 ФАКуп+ЛК 0+1 0 ЛШ+ЛЕ 1+0 0 КШ 0 0 15 4 2012-2013 ПЛ 34 11 ФАКуп+ЛК 6+1 5+0 ЛШ 5 0 КШ 1 1 47 17Вкупно Манчестер Сити 113 58 21 14 13 0 1 1 148 73 2013-2014 Јувентус А 34 19 КИ 1 0 ЛШ+ЛЕ 6+6 0+1 СИ 1 1 48 21 2014-2015 А 3220 КИ 2 0 ЛШ 13 7 СИ 1 2 4829Вкупно Јувентус 66 39 3 0 25 8 2 3 96 50 2015 Бока Хуниорс ПД 12 5 КА 5 4 - - - - - - 17 9 2016 ПД 11 4 КА 0 0 КЛ 85СА10209Вкупно Бока Хуниорс 98 35 5 4 4217 2 0 14756Вкупно во кариерата 398189 46 31 11335 9 4 566259

Наводи

Надворешни врски

Profile at FutbolPunto with maps and graphs Карлос Алберто Тевес на soccerway Карлос Алберто Тевес на transfermarkt

Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Фудбалери на ФК Бока Хуниорс Категорија:Фудбалери на ФК Коринтијанс Категорија:Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери во Серија А