Фудбалска репрезентација на Аргентина — државна фудбалска репрезентација на Аргентина под раководство на Аргентинскиот фудбалски сојуз (АФА). Аргентина има освоено најмногу меѓународни титули од било кој друга репрезентација (19), рекорд кој го дели само со Уругвај.Asociación del Fútbol Argentino

Аргентина е една од најуспешните фудбалски репрезентации во светот, а моментално е на првото место на Светската ранг-список на ФИФА. Репрезентацијата три пати го има освоено Светското првенство во фудбал во 1978, 1986 и 2022 година. Аргентина го освоила Јужноамериканското првенство 16 пати, рекорд кој го споделува со Уругвај, и го освоила Купот на конфедерации во 1992 година и Олимпискиот фудбалски турнир во 2004 и 2008 година.

Аргентина, Бразил и Франција се единствените три репрезентации кои ги освоиле трите најважни машки титули признати од ФИФА: Светското првенство, Купот на конфедерации и Олимписките игри. Трите репрезентации исто така го освоиле и соодветното континентално првенство (Копа Америка за Аргентина и Бразил и Европското првенство за Франција).

Историја Рана историја (1902-1947) thumb|right|200px|Составот на Аргентина пред почетокот на нивниот прв официјален натпревар во историјата на репрезентацијата, против Уругвај, на 27 јули 1902. Ова е исто така првата снимена фотографија на репрезентацијата. Репрезентацијата на Аргентина својот прв натпревар во историјата го одиграла во 1901 година против Уругвај завршен со победа на Аргентина со 2-3.Deportes - Futbol Uruguayo I, eluruguayo.com; пристапено: 2. 2. 2014. На 20 јули година дена подоцна, репрезентацијата го одиграла и својот прв официјален натпревар исто така против Уругвај во Монтевидео и победиле со 6-0.Argentina - Uruguay Matches 1902-2009, rsssf.com; пристапено: 2. 2. 2014.Argentina national football team - ARCHIVE, rsssf.com; пристапено: 2. 2. 2014. Составот на Аргентина во тој натпревар бил: Хосе Бурука Лафорија (Баракас), Вилијам Лесли (Килмес), Валтер Бученан (Алумни), Едуардо Патрисио Дуган (Белграно), Карлос Х. Бученан (Алумни), Ернесто Браун (Алумни), Едвард О. Морган (Килмес), Хуан Хосе Мур (кап.) (Алумни), Хуан О. Андерсон (Ломас), Карлос Едгар Дикинсон (Белграно), Хорхе Браун (Алумни); головите ги постигнале Дикинсон, Аримало, Морган, Карве Уриосте, Андерсон и Х. Браун."Uruguay 0-6 Argentina" on Fútbol Nostalgia Тој натпревар против Уругвај бил првиот официјален меѓународен натпревар одигран надвор од границите на Британија. Треба да се напомене дека Аргентина и Уругвај исто така го држат рекордот по бројот на одиграни натпревари имеѓу две држави. Во својата богата историја овие две репрезентации се сретнале повеќе од 180 патиArgentina - Uruguay headtohead records, fifa.com ; пристапено: 2. 2. 2014..

thumb|left|200px|Екипата го освоила Јужноамериканското првенство во 1921 година. Во 1912 година Аргентина станала членка на ФИФА, а од 1916 година е членка на КОНМЕБОЛ. Првиот успех Аргентина го остварила во 1916 година на домашен терен, освојувајќи го сребрениот медал на првиот јужноамериканско континентално првенство. Со една победа (6-1 против Чиле) и две ремија (против Бразил и Уругвај) биле доволни само за втората позиција и сребро додека златото го освоил Уругвај.Southamerican Championship 1916, rsssf.com; пристапено: 2. 2. 2014.. Првиот златен медал Аргентина го освоила на првенството во 1921 година како домаќин. После три сребра и една бронза, Аргентина убедливо завршила на првото место, со три победи од три натпревари, без примен голSouthamerican Championship 1921, rsssf.com; пристапено: 2. 2. 2014.. Следниот златен медал го освоиле после четири години, повторно како организатори на турниротSouthamerican Championship 1925, rsssf.com; пристапено: 2. 2. 2014.. Следната година освоиле среброSouthamerican Championship 1926, rsssf.com; пристапено: 2. februar 2014. а своето прво злато надвор од своите граници го освоиле во ПеруSouthamerican Championship 1927, rsssf.com; пристапено: 2 февруари 2014..

thumb|right|200px|Екипата која освоила сребрен медал на Олимписките игри 1928. Својот прв настап на Олимписките игри Аргентина го имала во Амстердам во 1928 година. После три убедливи победи (САД 11-2, Белгија 6-3, Египет 6-0) се пласирале во финалето. Првиот натпревар бил завршен без победник 1-1, па во преигрувањето на 13 јуни 1928, Уругвај победил со 1-2 и го освоил златниот медалFOOTBALL TOURNAMENT AT THE GAMEs OF THE iXtH OLYMPIAD, AMsTERDAM 1928, BY TONY BijKERK ; pristupljeno: 2. 2. 2014.Games of the IX. Olympiad Football Tournament (Amsterdam, Netherlands, May 27 - June 13, 1928), rsssf.com; пристапено: 2. 2. 2014..

Следната година, репрезентацијата ја одбранила титулата освоена пред две години во Перу и на тој начин ја потврдува својата доминација на континенталните првенства на Јужна АмерикаSouthamerican Championship 1929, rsssf.com; pristupljeno: 2. 2. 2014..

thumb|left|220px|Аргентина пред почетокот на натпреварот против Мексико на Светското првенство 1930. Својот прв натпревар на Светските првенства Аргентина го одиграла на 15 јули 1930 година против Франција. Единствениот гол на тој натпревар, а и прв историски на светските првенства за Ла Абиселесте го дал Луис Монти во 81-вата минута од натпреварот со кој аргентинците победиле со 1-0. После таа победа, следувале и победи над Мексико, Чиле, и во полуфиналето со убедливи 6-1 победена е репрезентацијата на САД. Во финалето на Светското првенство 1930 ги чекал двобој со домаќинот на првенството Уругвај. Тоа финале се одиграло на 30 јули 1930 во Монтевидео во кое иако Аргентина имала предност на полувремето од 1-2 на крајот загубила со 4-2, и морала да се задоволи само со второто место.Hosts Uruguay beat arch-rivals to first world crown, fifa.com ; пристапено: 2. 2. 2014.. На следното светско првенство 1934 одиграно во Италија, Аргентина била елиминирана уште во првиот круг на натпреварување иако двапати водела во натпреварот против Шведска на крајот загубила со резултат 2-3.Delight for the Azzurri as home advantage tells, fifa.com ; пристапено: 2. 2. 2014..

thumb|right|220px|Шампионската генерација на Јужноамериканското првенство 1945. Следната година, Аргентина го загубила престолот и на јужноамериканскиот континент откако на првенството на Јужна Америка го освоила второто место на табелата препуштајќи му го златото одново на УругвајSouthamerican Championship 1935, rsssf.com; пристапено : 2. 2. 2014.. Меѓутоа само две години подоцна во 1937 година Аргентина одново станала континентален првак, по освојувањето на првото место на првенството во кое влегла како организатор, стигајќи вкупно до петтата шампионска титула, односно четврта која била освоена пред своите навивачи на домашен терен. До титулата аргентинците дошле после победата со 2-0 над Бразил во плејоф натпревар, кој бил одигран дополнително бидејќи двете репрезентации првично имале ист број на бодови.Southamerican Championship 1937, rsssf.com; пристапено: 2. 2. 2014.. Следната година Аргентина не настапила на Светското првенство како ни на јужноамериканското првенство 1939. Затоа пак, на следните пет првенства на Јужна Америка, освоиле четири златни (1941, 1945, 1946 и 1947) и еден сребрен медал (1942) сите под водство на селекторот Гуљелмо Стабиле.The Copa América Archive - Trivia, rsssf.com; пристапено: 2. 2. 2014..

Период на транзиција (1947-1974) Долгото отсуство од турнирите (1947-1955) thumb|right|250px|Шампионска генерација 1957 После серијата одлични настапи на првенствата на Јужна Америка уследиле неколку неславни години на фудбалската репрезентација на Аргентина во периодот од (1947-1955 година). Најпрво се повлекле од Светското првенство 1950 кое се одржало во Бразил поради конфликт со Фудбалскиот сојуз на Бразил додека на Светското првенство 1954 кое се играло во Швајцарија воопшто не учествувале. Истиот случај бил и со Јужноамериканските првенства, на кои Аргентина не учествувала во 1949 и 1953 година. Во меѓувреме земјата била организатор на Панамериканските игри, турнир за кој од организацијата се повлекол Бразил.Panamerican Games 1951 (Buenos Aires), rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014..

"Los Carasucias" и Катастрофата во Шведска (1955-1967) После две отсуства од јужноамериканските првенства Аргентина се вратила на турнирот во 1955 година во Чиле каде станале шампиониSouthamerican Championship 1955, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.. Следната година Аргентина го освоила третото местоSouthamerican Championship 1956, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014. за во 1957 повторно да се вратат на врвот и во 1959 да ја одбранат титулата освоена прд две години.Southamerican Championship 1957, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.Southamerican Championship 1959 (1st Tournament), rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014..

thumb|left|300px|Составот на Аргентина на Светското првенство 1958 во Шведска На Јужноамериканското првенство 1957 фудбалерите на Аргентина добиле прекар Los Carasucias (превод на мак. валкани лица) во споредба со децата кој валкано играат фудбал на улица, чиј стил на играње со дриблинг станал како знак на идентитетот на аргентинскиот фудбал. Во меѓувреме, Аргентина после три пропуштени Светски првенства учествувала на Светското првенство во фудбал 1958 играно во Шведска. Со една победа (над Северна Ирска) и два порази (од Западна Германија и Чехословачка) сосема неочекувано аргентинците завршиле на дното на табелатаWorld Cup 1958, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.. Токму на ова првенство репрезентацијата го забележала и еден од двата најубедливи порази во својата историја, кога на 15 јуни 1958 биле поразени во Хелсингборг од Чехословачка со 6-1. Сиромашниот настап во аргентинската јавност бил наречен El desastre de Suecia (превод на мак. Катастрофата во Шведска) и предизвикал бес кај навивачите, кој околу 10 000 ги дочекале при враќањето во татковината на аеродромот Ezeiza за да ги исмејуваат и навредуваат.Argentina sufría la peor derrota en un Mundial: "El desastre de Suecia 1958", infobae.com; пристапено: 3. 2. 2014.. За лошиот настап на Светското првенство во Шведска, Аргентина се искупила следната година на јужноамериканското првенство каде биле и организатори на турнирот. Треба да се напомене дека во 1959 година, е единствениот случај кога јужноамериканското првенство бил одржан двапати во една иста година, 7 март - 4 април во Аргентина и 5-27 декември во Еквадор. Во декемвриското првенство Аргентина го завршила својот настап на второто место забележувајќи го вториот најубедлив пораз во својата историја со 5-0 од Уругвај, кои подоцна и ја освоиле титулата.Southamerican Championship 1959 (2st Tournament), rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014..

thumb|right|200px|Составот на Аргентина на Светското првенство 1966 во Англија