Над Татрите светат (словачки: Nad Tatrou sa blýska) е државна химна на Словачката Република. Текстот за химната е напишан од страна на Јанко Матушка во 1844 година, додека за мелодијата инспирација била народната песна Kopala studienku (Копала извор). Песната стекнала голема популарност за време на буните од 1848 и 1849 година и од тогаш стаува национална песна на Словаците.
Првата строфа, заедно со првата строфа на чешката химна „Kde domov můj?“ (Каде е мојот дом) ја сочинувале химната на Чехословачка од нејзиното формирање во 1920 година, па сè до мирната дисолуција на Словачка и Чешка на 1 јануари 1993 година, кога првите две строфи од химната биле прогласени за посебни национални химни.
Текст
словачкиGovernment Office of the Slovak Republic, National anthem Превод на македонскиNad Tatrou sa blýska hromy divo bijú. Zastavme ich bratia, ved' sa ony stratia, Slováci ožijú.
To Slovensko naše posiaľ tvrdo spalo. Ale blesky hromu vzbudzujú ho k tomu, aby sa prebralo.Над Татрите има громови, громовите силно ечат Ајде да ги запреме, браќа, Нив ќе ги снема Словаците ќе преживеат.
Нашата Словачка, беше во сон долго време, но громовите стануваат се посилни и посилни со цел да ја разбудат.
Поврзано Словачка Грб на Словачка Знаме на Словачка
Надворешни врски Над Татрите светат на Викиизвор. Химната на Словачка Република - Страна на официјалното мрежно место на Претседателот на Словачка, на која има неколку аудио податотеки од химната. Словачката Национална Химна, музика, текст
Наводи
Категорија:Национални химни Категорија:Национални симболи на Словачка