Влада Урошевиќ (, ) — македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач. Редовен член на МАНУ од 1997 година.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 271 - 272.
Основни биографски податоци Роден е во Скопје во 1934 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961 година. Исто така, тој е член на МАНУ, како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург и член на Македонскиот ПЕН центар.
Книжевно творештво мини|180п|Урошевиќ во 2018 година Влада Урошевиќ е еден од најзначајните претставници на македонскиот модернизам, фокусиран врз истражување на чудесното, фантастичното и надреалното. Покрај со пишување, Урошевиќ се занимавал и со преведување. Така, познати се неговите препеви на песни од руските поети: Пушкин, Лермонтов, Сологуб, Каменски, Хлебников, Мајаковски, Пастернак итн."Рускиот орден "Сергеј Есенин" за Влада Урошевиќ", Дневник, број 5293, година XVII, петок, 18 октомври 2013, стр. 20.
Најпознати дела на Урошевиќ се: Еден друг град (поезија, 1959) Невиделица (поезија, 1962) Вкусот на праските (роман, 1965) Манекен во пејзажот (поезија, 1967) Летен дожд (поезија, 1967) Знаци (раскази, 1969) Врсници (критики и есеи, 1971) Ноќниот пајтон (раскази, 1972) Ѕвездена терезија (поезија, 1973) Нуркачко ѕвоно (поезија, 1975) Сонувачот и празнината (поезија, 1979) Мрежа за неуловливото (критики и есеи, 1980) Лов на еднорози (раскази, 1983) Компасот на сонот (поезија, 1984) Нишката на Аријадна (критики и есеи, 1985) Хипнополис (поезија, 1986) Подземна палата (есеи, 1987) Демони и галаксии (студија, 1988) Панична планета (поезија, 1989) Алдебаран (записи и патописи, 1991) Митската оска на светот (критики и есеи, 1993) Ризиците на занаетот (поезија, 1993) Мојата роднина Емилија (роман, 1994) Паники (поезија, 1995) Дворскиот поет во апарат за летање (роман, 1996) Париски приказни (записи и патописи, 1997) Астролаб (критики и есеи, 2000) Дива лига (роман, 2000) Мане, текел, фарес (поезија, 2002) Невестата на змејот (роман-бајка, 2008) Седмата страна на коцката (раскази, 2010) Размена на пораки (раскази, заедно со Тања Урошевиќ, 2013) Тајна мисија (раскази, 2013) Маџун (роман, 2018) Безразборна лабораторија (поезија, 2019) Вистината но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени
Антологии: Црниот бик на летото (1963) Француска поезија - XX век (1972) Црна кула (1976) Современа македонска поезија (на српскохрватски, 1978) Космос в амбар (на холандски јазик, 1980) Кула (на узбечки јазик, 1981) Големата авантура: францускиот надреализам (1993) Шуми под море (кратката прозна форма во француската литература, 1994) Златна книга на француската поезија (1996) Седум француски поети (2001) Избрани дела (2004)Н. Поповска, Промовирани избрани дела во десет тома на Влада Урошевиќ, Утрински весник, 16 октомври 2006 (пристапено на 6 ноември 2009). Џинџуџе во земјата на афионите (Темплум, 2022)Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 55-58.
Награди и признанија За своето творештво, Урошевиќ е добитник на наградите: Награда „Браќа Миладиновци“ (1967, 1973 и 1986), Награда „Григор Прличев“ (1974 и 1989), Награда „Рациново признание“, Награда „Кирил Пејчиновиќ“ - Тетоец, „Младост“, „Нолит“, наградата на Турскиот ПЕН „Халид Един Адивар“ (2007), „Награда „Стале Попов““ (2006), орденот на московската организација на Сојузот на руските писатели „Сергеј Есенин“. Награда „Св. Климент Охридски“ (2022) роман на годината за 2022 за „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ награда „Златен венец“ (2023) „Златен венец“ за Влада Урошевиќ, „Мостови на Струга“ за Гевин Бредли, Слободен печат, година XI, број 2811, сабота-недела, 25-26 март 2023, стр. 11. Награда „13 Ноември“ за 2023 за публицистика за „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“
За своите преводи на најзначајните француски поети од XIX и XX век именуван е од француската влада за витез од редот на уметноста и литературата (1987).
Наводи
Извори Л. Капушевска - Дракулевска, Во лавиринтите на фантастиката: фантастичниот расказ во македонската книжевност, Магор, Скопје, 1998 В. Јанковски, Огледало за загатката: разговори со Влада Урошевиќ, Сигмапрес, Скопје, 2003
Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски патописци Категорија:Македонски уредници Категорија:Македонски автори на стрипови Категорија:Македонски академици Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски уредници Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Добитници на наградата „Стале Попов“ Категорија:Добитници на наградата „Рациново признание“ Категорија:Добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Добитници на Златен венец на Струшките вечери на поезијата Категорија:Македонски романописци Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“