Самовилска Вода — археолошко наоѓалиште во тетовското село БлацеАрхеолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание наМАНУ, Скопје, Македонија.. Претставува сакрален објект од старохристијанското време и средниот век. Се наоѓа на падините на Сува Гора, на оддалеченост од 2 км југоисточно од селото. Се забележуваат урнатини од сакрален објект врз кој е изградена новата црква „Св. Троица“. Од постариот објект има остатоци од архитектонска пластика од мермер. Во Музејот на тетовскиот крај се чува столпче со капител, изработено од мермер.. Самовилската вода се смета за лековита вода, разни луѓе од разни краишта доаѓаат за да го посетат ова наоѓалиште.Алексова Б., Средновековни наоѓалишта во Полозите, Гласник на Институтот за национална Историја, III-1, Скопје 1959
Наводи
Поврзано Змијанец — средновековна населба во Блаце;
Категорија:Блаце (Тетовско)