Џејмс Блант (англ. James Blunt; роден како Џејмс Хилиер Блант (англ. James Hillier Blount); роден 22 февруари, 1974 година)National Archives, England & Wales, Birth Index: 1916-2005 volume 6b, page 446 confirms birth as Q1, 1974 — англиски пејач, текстописец и музичар. Од 2004 година издал осум албуми и продал преку 20 милиони изданија.

Во 2004 година го објавил неговиот прв студиски албум Back to bedlam, а светска слава стекнал со сингловите од тој албум: „You‘re beautiful“ и „Goodbye my lover“. Албумот бил продаден во над 12 милиони примероци во светски рамки. До декември 2009 година, албумот бил сертифициран за десеткратно платинест од Британската фонографска индустрија, со што станал најпродаван албум во 2000-тите во Обединетото Кралство. До 2011 година албумот бил најпродаван албум во 21-от век во Обединетото Кралство кога бил престигнат од Back to Black од Ејми Вајнхаус. Back to Bedlam денес е рангиран како 18-ти најпродаван албум во историјата на британската топ-листа и најпродаван деби-албум од британски изведувач.

Вториот албум од Блант, All the Lost Souls, објавен во 2007 година, се искачил на прво место на топ-листите во дванаесет земји. Тој потоа објавил уште пет албуми: Some Kind of Trouble (2010), Moon Landing (2013), The Afterlove (2017), Once Upon a Mind (2019) и Who We used to Be (2023).

Блант добил неколку награди, меѓу кои: две „Британски музички награди“, две MTV Video Music Awards и две Ivor Novello Awards; исто така пет пати бил номиниран за Греми награди, а во 2016 година добил почесен докторат по музика од Универзитетот во Бристол.

Блант бил офицер во спасувачката гарда, полк кој функционира како дел од коњаницата во Британските воени сили и бил дел од екипажот на НАТО во Косово, за време на конфликтот во 1999 година. За време на неговиот воен ангажман во Косово, имал можност да се запознае со работата на MSF или „Лекари без граници“. Оттогаш, Блант станал поддржувач на нивната идеја и често нивните аукции се дел од неговите концерти. На 4 октомври, 2009 година, го купува својот прв дом на Ибица.

Младост Џејмс е роден во воената болница во Тидворт, Велтшир во Англија, како прво дете на Џејн А.Ф. и Чарлс Блант. Детството го поминал живеејќи во Англија, Кипар и Германија, каде неговиот татко бил испраќан на воена служба. Тој бил полковник во воздухопловните трупи на Британските воени сили и пилот на воени хеликоптери.

После Џејмс, семејството добило уште двајца помлади членови. Нивната фамилија имала голема поврзаност со воените сили, која датира уште од десетти век. Неговиот татко ја всадил во Џејмс желбата за летање, па како резултат на посветеноста добил дозвола за летање уште на 16 години. Откако научил да вози мотор на 16 години, станал доста заинтересиран и за мотоциклизмот. The Sunday Times February 2006

Образование Блант бил запишан на Елстри школата, во Велемптон во Беркшир и пред да го продолжи своето образование на Хароу, во северозападен Лондон, добил воена стипендија. Наместо Хароу, добива место на Универзитетот Бристол, обезбедено од восјката. Најпрво студирал воздухопловно машинско инжинерство, а подоцна се префрлил на Социологија. Дипломирал во 1996 година како лауреат на науки.

Воена служба Со оглед на тоа што британската војска го спонзорирала неговото универзитетско образование, Блант бил обврзан да помине минумум четири години во служба на вооружените сили. На едно од неговите интервјуа за време на турнејата, по неговиот прв албум, Џејмс изјавил дека избрал да биде дел од воените сили под притисок на татко му, чија желба била Блант да си обезбеди сигурно вработување и високи приходи. Блант бил обучуван на Кралската воена Академија „Санхрст“ (Sandhurst). Бил именуван како втор подофицер на спасувачката гарда, која е единица на државната коњаница, каде достигнал ниво на капетан. Една од првите задачи, во 1998 година, му бил ангажманот во Британската воена единица за обука во Алберта, Канада, каде што неговиот баталјон бил задолжен, шест месеци да игра улога на непријателски воени единици во вежбите за борба.

Во 1999 година, Блант доброволно се приклучил во британската армија како офицер на тешка артилерија во служба на НАТО силите во Косово. На почетокот бил назначен како извидник на состојбата на границата меѓу Македонија и Југославија. Така, неговата единица работела пред фронтовите линии и ја одредувала местоположбата и ги напаѓале српските сили за време на бомбардирањето на НАТО. На 12 јуни 1999 година, неговата единица требало да спроведе 30 000 НАТО војници од границата со Македонија до аеродромот во Приштина, но руски воен контингент ја презел контролата над аеродром пред пристигнувањето на војниците. Американскиот командант на НАТО Весли Кларк наредил единицата насилно да им го одземе аеродромот на Русите. Генералот Мајк Џексон ја одбил наредбата. Блант изјавил дека би одбил да ја послуша таквата наредба доколку генералот Џексон не ја блокирал претходно.

За време на задачата на Блант за Косово, тој со себе ја понесол и неговата гитара, па ги забавувал мештаните и војниците. Додека бил на должност на Косово ја напишал песната „Нема храброст“ (No bravery).

Како вешт скијач, Блант го предводел скијачкиот тим на коњаницата во Вербие, во Швајцарија, за на крајот да стане и шампион на сите кралски артилериски трупи. Ја продолжил неговата служба во војската и во 2000 година, и после интензивен шест месечен курс за јавање, бил преместен во главниот државен полк на коњаницата, во Лондон, во Англија. За време на оваа должност, Блант јавно говорел за неговите одговорности и обврски во телевизиско шоу „Девојките на врвот“, серијал за необичен избор на кариера. Бил еден од чуварите на ковчегот на Кралицата Елизабета во деновите кога нејзиното тело било изложено пред народот и бил дел од погребните церемонии на 9 април, 2002 година. Џејмс ја напуштил војската на 1 октомври 2002, откако отслужил цели шест години.

Музичка кариера Почетоци Блант, уште како дете посетувал часови по пијано и виолина, меѓутоа неговиот прв значаен пристап кон музиката се случил на Хароу. Таму, негов соученик го запознал со мелодијата на гитарата, па Џејмс започнал да свири и да пишува музика уште на 14 годишна возраст. На универзитетот Бристол, негова омилена тема како студент била комодификацискиот одраз-производ на поп идолот, а негов главен ментор Симон Фрит, социолог, рок критичар и сегашен претседател на музичките награди Меркур.

Блант ја напуштил британската војска во 2002 година за да може комплетно да и се посвети на музиката. По кракток период, откако ги напуштил воените сили, потпишал со издавачката куќа EMI („Електрична и музичка индустрија“) и агенцијата за менаџирање TFA (Twenty first Artist). Договорот за плоча, сепак останал неисполнет, наведувајќи го како причина специфичниот изговор на Блант како пречка за промовирање во класно-расцепканата Британија. Линда Пери, која само што го лансирала сопствениот музички бренд Кастард Рекордс, во почетокот на 2003 година, ја слушнала промотивната лента на Блант при посета на Лондон. Набрзо после тоа имала прилика да го слушне во живо на фестивал во Тексас (South by South West Music festival), па му понудила соработка уште истата вечер. По само неколку денови Џејмс го потпишал договорот со Пери и еден месец подоцна веќе започнал да работи со продуценти како Том Ретрок.

„Повторно лудило“ – 2003/2006 (Back to bedlam) Блант го снимил албумот „Повторно лудило“ (Back to bedlam) во 2003 година со продуцентот Том Ретрок во неговото домашно студио, со многу студиски музичари, и самиот Џејмс, свирејќи на различни видови инструменти. Додека бил во Лос Анџелес, престојувал кај Кери Фишер, глумица која ја запознал преку семејството на неговата поранешна девојка. Фишер била огромна поддршка на неговите стремежи, давајќи му идеја дури и за името на албумот и отстапувајќи му простории од нејзиниот дом за да може да пишува. Всушност, во тоалетот од нејзината куќа, Џејмс го создал легендарниот хитот „Goodbye my lover“.

„Back to bedlam“, конечно доживува своја реализација во Англија, во текот на окмтомври, 2004 година. Дебитантна песна со која се пробил на англиската музичка сцена е „High“, напишана во соработка со Рики Рос од „Дикон Блу“. Оваа песна во почетокот успева да влезе во англиската листа со Топ 100 песни, потоа следува успехот со „You’re beautiful“ која успева да се рангира меѓу првите 75 песни, пред да биде одново преработена. Како таква, била избрана да се појави во реклама за Водафон во Италија и така го достигнала врвот, рангирајќи се меѓу првите десет во оваа земја.

Дебитантниот албум од анонимниот Блант, во почетокот не привлекол многу внимание на критичарите и поради тоа не се појавиле многу изјави кои би го оцениле албумот низ музичките списанија. Неговите настапи во живо, најчесто биле посетувани од попознати музичари и генерално биле позитивно критикувани. Неговата леснотија на изведување на сцена и искуството заедно со променливиот и непостојан пристап кон публиката биле предмет на многуте коментари кои доаѓале од сите страни. Неговата музика најчесто ја поврзувале со онаа на Демијен Рајс и Дејвид Греј. Во март, 2004 година, додека Блант настапувал како гостин на Кејти Мелуа во Манчестер, пратејќи го сето тоа Алекс Мекеј за магазинот „Дизајнер“ напишал: „дека доминантноста на Блант е загарантиран пат до успехот, па така во ова време идната година неговиот албум ќе биде број 1 во светот, а многу од британските награди и други признанија ќе чекаат да бидат негови, многу поскоро отколку што можеме да замислиме“. По издавањето на албумот, кон крајот на 2004 и почетокот на 2005 година следувало гостување на концертите на Елтон Џон и Лојд Кол и „Комоушнс“, а основал и бенд, со кој биле постојани гости во лондонскиот клуб "93 чекори источно" (93 feet East). Во март, 2005 година, неговата втора песна, „Wiseman“, била објавена.

Неговиот трет сингл „You’re beautiful“ била негова одскочна даска. Веднаш по пуштањето во етер го достигнала дванаесеттото место на англиските топ листи, за само шест недели подоцна да го достигне врвот и да се најде на првата позиција. Песната исто така била премногу вртена низ сите области од медиумите, што придонело целиот албум „Back to bedlam“ да се најде на врвот на англиската список на најуспешни албуми. Застапеноста по медиумите, несомнено ја довела во рацете на Блант наградата „Ајвор Новело“, за најизведувана песна. После успехот со „You’re beautiful“ на англиската сцена, песната допира до публиката во Европа, станувајќи еден од најголемите хитови за летото, 2005 година ширум целиот континент. Во Америка, песната за првпат се пушта во етер во летото, 2005 година на WPLJ, едно од најпознатите и најреномирани радија во Њујорк. Веднаш по нејзиното објавување, во есента, 2005 година, песната се искачила на топ 10 листите на три радија од комплетно различни видови. (Adult Contemporary music, Hot adult top 40 tracks и Adult Album Alternative). Блант станал првиот англиски изведувач кој го достигнал врвот на сите американските топ листи, а неговата „You’ re beautiful“ ја добила водечката позиција на листата „Билборд Хот 100“, во 2006 година. Пред Блант, истото го сторил и Елтон Џон пред околу цели десет години со неговата „Candle in the wind“, во 1997 година.

„Goodbye my lover“ била објавена во Англија како четврта нумера на албумот во декември, 2005 година, за подоцна да ја достигне втората позиција на американските топ листи. Нумерите „High“, заедно со „Wiseman“, биле одново издадени во 2006 година. Оваа, 2006 година, Блант започнал со славење на неговите успеси. Најпрво стигнале петте номинации за британските награди, потоа, победата за најдобар британски машки солист и најдобар поп изведувач. Започнал и единаесет месечна турнеја која го одвела насекаде ширум светот. На 31 август,2006 година Блант добил две награди од MTV музичките и видео награди, со неговата „You’ re beautiful“ освојувајќи ја наградата за најдобар видео запис од машки изведувач.