Горно Лисиче (разговорно познато и како Лисиче, или село Лисиче поради поранешниот статус на рурално населено место) — населба и предградие во Општина Аеродром во градот Скопје. Горно Лисиче е најстаро и најголемо по површина од сите други „Лисичиња“ односно Долно Лисиче, Лисиче, и Ново Лисиче, населени места кои токму поради Горно Лисиче го содржат топонимот Лисиче во нивните имиња.
Географија и местоположба Горно Лисиче е голема населба во рамничарскиот дел на Скопското Поле во алувијалната рамнина на реките Вардар и Маркова Река. Населбата се наоѓа на 5 километри источно од центарот на Скопје. Расположено е на десниот брег на реката Вардар и непосредно до вливот на Маркова Река во Вардар. Граничи со населените места Долно Лисиче на исток, Пинтија на југ, на запад со Ново Лисиче, Реонски Центар и Лисиче и на север граничи со реката Вардар. Низ Горно Лисиче тече Усјанскиот Канал, кој потоа се влева во реката Вардар.
Во минатото, Горно Лисиче било дел од областа наречена Слив на Маркова Река, површина која па била поделена на Долни Села, Горни Села, и Каршијак. Горно Лисиче спаѓало во Долни Села заедно со Долно Лисиче, Морани, Студеничани, Драчево, Љубош, Батинци, Дресница, Варвара и Сушица.
Поради природни непогоди поврзани со Вардар, Горно Лисиче било поместено.
Месности во и околу Горно Лисиче се: Бревчина (), Цигански Пат (), Мачкини Дупки ), Бара (), Орман (), Тумба (), Куќиште (), Селско Трње (), Топтеш ().
Потекло на поимот Името на селото Лисиче спаѓа во онаа група населени места кои влечат корен од животинскиот вид лисица. Според старите преданија, кои во текот на генерациите се пренесувале меѓу жителите на Горно Лисиче, на просторот каде што сега се наоѓа населбата, некогаш имало многу лисици. Во тоа време селото се наоѓало на околу 700 метри подалеку од сегашната населба, покрај самата утока на Маркова Река во Вардар. На сегашното место на населбата имало ниви и ледини. Затоа лисиците тука во голем број живееле и крстареле во потрага за храна по околните селски населби. Целата област (каде што се наоѓаат Горно и Долно Лисиче) луѓето ја викале лисичка земја.
Оваа верзија ја прифатил и етнографот д-р Јован Хаџи-Васиљевиќ. Тој во врска со ова го запишал следново:
Со научното истражување на д-р Љубица Станковска се потврдило фактот дека името на селото потекнува од зоонимот лисица. Според неа:
Историја Среден век Првите пишани извори за Горно Лисиче потекнуваат од почетокот на век, односно од 1300 година. За првпат селото со името Лисиче (но не е сигурно дали тогаш физички претставувало една населба со Долно Лисиче) се споменува во повелбата на српскиот крал Милутин (1282-1321), издадена на обновениот манастир „Св. Ѓорѓи“ кај Скопје. Со оваа повелба српскиот крал му подарува имот на манастирот „Св. Ѓорѓи“. Во оваа повелба се наведува патот кој води во Лисиче, а доаѓал од Скопје.
За патот кој водел во Лисиче во своите проучувања напишал и Миодраг Пурковиќ. Тој во својата опсежна студија за пописот на селата рамките во средновековната држава, објавена во 1940 година, за селото Лисиче го запишал следново:
Името Лисиче, односно Лисичани (можеби се однесува на исчезнатото скопско село Лисичане) е документирано и во грамотата на Михаил IX Палеолог од 1299 со која се подаруваат имоти на Манастирот „Св. Никита“ кај Скопје, како и во преводот на грамотата на Андроник II Палеолог за истиот манастир од 1299-1300 година, дополнета со Милутиновата грамота од 1308 година, со која се потврдени приложувата и дарувањата на римскиот цар Андроник II Палеолог на тој манастир на Скопска Црна Гора.
Османлиски период мини|210п|Куќата на Гали бег (веќе во разрушена состојба). мини|200п|Портата на куќата на Гали бег. Името на селото било Акбаш, што е раса на турско куче, до периодот пред 1800 година, а причината за ова е што важело за сточарско и овчарско село што било во добар дел населено од Турци. Со почетокот на преселувањето на денешните староседелски родови во селото, името било вратено во Лисиче.
Географот и етнолог Јован Трифуноски во книгата „Слив Маркове Реке“ дава податоци според кажувањата на селаните. На почетокот на век, населбата страдала од колера. Сепак, и до денес постојат голем број на староседелци кои живеат повеќе векови во населбата. После колерата, започнале доселувања од другите предели на Македонија и тоа Овче Поле, Прилепско, Велешко и скопските села под Китка.
Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство. Во една карта од 1867 година, насловена „Карта на сливот на реките Дрим и Вардар“ (германски: Karte der Flußgebiete des Drin und des Wardar), селото било прикажано под називот Г. Лисиче (G. Lisitche). Во една друга карта од 1868 година, насловена „Преглед на карта на проектираната железничка линија помеѓу Дунав и Солун“ (германски: Übersichtskarte der projectirten Eisenbahnlinie zwischen der Donau und Saloniki), селото било прикажано под називот Лисиче (германски: Lisitche). На картата, селото е сместено источно од реката Бадитшка (германски: Baditschka; се мисли на Маркова Река). Судејќи според местоположбата (бидејќи на картата, населеното место е поставено источно од Маркова Река), можеби се однесува на Долно Лисиче, бидејќи точно одговара и на денешната долнолисичка местоположба. На картата од Спиридон Гопчевиќ од 1889 година, насловена „Македонија и Стара Србија“ (Makedonien und Alt-Serbien), Горно Лисиче е прикажано како Г. Лисиче. На картата од Леонард Шулце Јена, насловена „Етничката припадност на селата во Скопско Поле и Повардарието во последниот период од турското владеење“ (Die Volkliche Zugenhörigkeit der Dörfer im skopischen Feld des Vardar in der letzen Zeit der türkischen Herrshaft), Горно Лисиче е прикажано како Грн. Лисица (Grn. Lisica) и според авторот, селото е категоризирано како село чија етничка припадност не е утврдена.
Кралство Србија Со настанувањето на Првата балканска војна, Османлиската држава не можела да се носи со балканските сојузници и нејзината војска постепено губејќи се повлекувала од своите положби. Така, Горно Лисиче де факто потпаднало под српска воена власт кога во соседното Драчево влегла коњичката дивизија на Првата моравска бригада на 30 октомври 1912 година. Во тој период, Горно Лисиче припаднало во Скопската Околија која била дел од поголемиот Скопски Округ. Во 1914 година, Министерството за внатрешни работи на Србија го поделила округот на општини, при што Горно Лисиче потпаднало во новосоздадената Општина Драчево. Во една карта од 1914 година, насловена „Српско-австрoунгарски погранични земји“ (германски: Serbisch-Österreichisch-Ungarische Grenzländer), селото било прикажано под називот Албаш (Albaš). На една друга карта од 1914 година, насловена „Преглед на карта на Србија, Босна и Црна Гора“ (германски: Übersichts-Karte von Serbien, Bosnien und Montenegro), Горно Лисиче било прикажано под називот Албаш (Albaš). Иако е наведено како Албаш (Горно Лисиче), судејќи според местоположбата (бидејќи на картата, населеното место е поставено источно од Маркова Река), многу веројатно се однесува на Долно Лисиче бидејќи точно одговара и на денешната долнолисичка местоположба. Во една италијанска карта од 1916 година, насловена „Корографска карта на Албанија и граничните региони на Црна Гора, Србија и Грција“ (италијански: Carta Corografica dell Albania e regioni contermini del Montenegro, Serbia e Grecia), Горно Лисиче е спомнато како Лисица (Lisitsa).Carta Corografica dell Albania e regioni contermini del Montenegro, Serbia e Grecia. Географски институт „де Агостини“, Новара 1916. Пристапено на 24 април 2025.
Кралство СХС/Југославија Со новиот Видовденски устав, според новата територијална промена, Горно Лисиче влегло во Скопскиот Округ кој бил дел од Скопската Област. Местото и понатаму останало во Општина Драчево, Скопски Срез. Според службените статистички податоци на државата, Горно Лисиче во 1921 година имало 58 домаќинства и 560 жители. Почнувајќи од 1923 година, преку великосрпската колонизација, во селото започнале да се доселуваат Срби, но и други народности. Со новите државно-административни промени во 1929 година, Горно Лисиче останало во Општина Драчево, но од тогаш припаѓало во Вардарска Бановина, бидејќи бил укинат Скопскиот Округ. Во 1930 година, местото се зголемило и имало 78 домаќинства со 770 жители. На една карта веројатно направена во 1920-тите, селото е споменато како Лисица (Акбаш) (Lisica (Akbaš)).
Втора светска војна мини|210п|Германските бункери (источна страна). мини|210п|Германските бункери (јужна страна). Во Втората светска војна, односно за време на Априлската војна во 1941 година, Кралството Југославија било освоено од германските војски. Со тоа Вардарскиот дел на Македонија потпаднал под германска воена власт. На 7 април 1941 година, германските сили влегле во Скопје. На 18 април, поголемиот дел на Вардарска Македонија бил предаден на Царството Бугарија. И за време на овој воен период, Горно Лисиче останало да биде во Општина Драчево во составот на Скопската околија. Во 1941 година, Горно Лисиче имало околу 1000 жители, според статистиката на бугарскиот државен апарат.
Веднаш по бугарското заземање, биле правени обиди за вооружен отпор на страна на членовите на Комунистичката партија кои врбувале луѓе и уште истиот април била создадена кандидатска група за членови на КП од неколкумина Лисичани. Таа група требала да ја побива политиката на тековната бугарска власт.
Во 1944 година, кога Народноослободителната борба на Македонија бил во полн тек и кога Бугарија капитулирала, германската војска поставила одбрана на Скопје на неколку точки во периферијата на градот. Дел од таа одбранбена линија се наоѓала во Горно Лисиче кое било силно утврдено. Целта на оваа линија била заштита на железничката пруга Велес-Скопје за безбедно повлекување кон север. Со партизанскиот напад врз драчевската станица на 29 септември 1944 година, борбените дејствија се префрлиле кон територијата на Горно Лисиче. На 21 октомври, Втората македонска бригада веќе била сместена во околијата на Горно Лисиче за да се борат против германските единици во селото. На 25 октомври, диверзантската група „М“ поставила мина на железничката пруга кај Горно Лисиче, која експлодирала кога поминал еден германски воз. На 28 октомври, диверзантската група „М“ дејствувала со сечење на телефонските мрежи на противавионската артилерија, кои се наоѓале кај Горно Лисиче. Отткако бил ослободен Велес на 9 ноември, Третата, Дванаесеттата и Шестнаесеттата македонска бригада добиле наредба да се префрлат во Драчево и Горно Лисиче заради конечен напад на Скопје. Борбите за Горно Лисиче започнале на 13 ноември во раните утрински часови. Германските сили биле приморани да се повлечат во Скопје со што селото било ослободено. Веќе 03:30 часот започнал општиот напад на Скопје.
Современа македонска држава