Јордан Бадев (во — во ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Внатрешната македонска револуционерна организација, литературен критичар, публицист и новинар во Бугарија.
Животопис Бадев е роден во 1888 година во Битола, тогаш во Отоманското Царство. Во 1906 година завршува Битолска машка гимназија. Студирал словенска филологија на Софискиот универзитет, а потоа учи во Лозана. Се вратил во Македонија и учителствувал во Битола, Самоков и Софија. Во 1911 година, Бадев ја поддржал иницијативата за создавање на легална политичка партија на Македонците - егзархисти во Отоманското Царство - проект кој пропаѓа поради зајакнувањето на политичките тензии и избувнувањето на Првата балканска војна.Симеонов, Стоян. Из борбите на македонските българи. Два документа за основаването на легална политическа партия в Турция в навечерието на Балканската война, Македонски преглед, година ХІІ (1940), кн. 1, с. 86. По Втората балканска војна, во 1913 година, тој се населил во Бугарија и станал учител во Софија. Тој бил еден од членовите-основачи на Македонскиот научен институт Македонски научен институт. Учредители.
Почнува да се занимава со литература и новинарство. Пишувал во списанието „Златорог“ и во весникот „Зора“, а од 1931 година, тој бил уредник на културните прашања на „Зора“. Ги уредувал весниците „Народност“ и „Миргород“. Бадев има голем број на статии во врска со бугарската книжевност - како обшотеоретични статии и прегледи, така и портрети и погледи. Во 1938 година, излегла неговата книга „Животот и уметноста“ Йордан Бадев. Литературна критика..
Бадев бил масон.Масоните в България: Членовете на Българските масонски ложи, родени в Македония (до 1944 г.), Брошура на Главно управление на архивите към Министерски съвет на Р. България, С., 2003 г. и активен учесник во македонското ослободителното движење. Одржува тесни контакти со раководителите на обновена по Првата светска војна, ВМРО, од која добива парична издршка „Националноосвободителната борба в Македония, 1919 - 1941 г.“, Колектив, ИК „Знание“, София, 1998 г., стр.166 По поделбата на организацијата на Протогеровисти и Михајловисти, тој застанал на страната на Протогеровистите. Пишува во весникот "Македонија"..
Во годините пред Втората светска војна, тој бил приврзаник на ориентација на Бугарија кон Третиот Рајх, политика во која тој гледал надеж за позитивно решавање на македонското прашање. Бадев е автор на неколку книги, како „Даме Груев. Живот и дело“(Скопје, 1943) и многу статии посветени на учесници во македонското движење.Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, Тинапрес, 1993.. Бадев е и автор на потпишаната од ВМРО книга „Заговорот против Тодор Александров“.„Литературен форум“. Успешен творчески тандем. Десислава Неделчева разговаря с Ива Бурилкова и Цочо Билярски
Бадев бил убиен без суд и пресуда по Деветосептемврискиот удар во 1944 година. Во март 1945 година е осуден посмртно на Случај № 6 на интелектуалците од низата постапки на т.н. Народен суд Реабилитиран е в 1996 година од Врховниот Суд на Бугарија.Вълев Стоян. „Йордан Бадев. Непрочетеният литературен критик“.
Библиографија
„Македонија во бугарската поезија“, статија од Јордан Бадев објавена во сп. „Златорог“, год. III, книга 3-4, Софиja, 1922 г.
Наводи
Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Носители на орденот „За воена заслуга“ (Бугарија) Категорија:Членови на Македонскиот научен институт Категорија:Македонски општественици Категорија:Дејци на Македонските братства Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски публицисти Категорија:Македонски учители Категорија:Македонски офицери Категорија:Бугарски офицери од Македонија Категорија:Отомански Македонци Категорија:Бугарофили