мини|десно|250п|„Гости од прекуморјето“, Николај Рерих (1899) Нормани (или Нордијци) — германски народ кои ја населиле Скандинавија во текот на средниот век. Зборувале старонордиски јазик, кој бил класичен јазик од северногерманската гранка јазици која се развила од прагерманскиот јазик во тек на раните векови на почетокот на претходниот милениум. Живеејќи далеку од Рим, Норманите практикувале паганска религија подолго од било кои други нивни германски сродни народи.
Развивајќи добри вештини во занаетчиството, трговијата и војувањето до кај средниот век, Норманите се прошириле на широко подрачје во тек на викиншкиот период. Овие експанзии резултирале со откривање на Исланд, Гренланд и Северна Америка, и освојување на делови од Британија, Ирска и Франција. На исток, според некои теоретичари, Нордиските Викинзи познати како Руси ја воспоставиле руската држава за контрола на трговските патишта од Балтичкото Море до Арабија, преку Волга, и до Цариград. Освен тоа, Норманите напишале неколку книжевни дела, како едите и сагите, кои на историчарите им даваат вредни сознанија за историјата и културата на раните германски народи.
Со христијанизацијата на Скандинавија и појавата на лигата „Ханза“, нордискиот начин на живот се променил, а модерните потомци на Норманите денес се нарекуваат Скандинавци.
Историја мини|десно|170п|Карта на норманската култура во бронзеното доба, околу 1200 п.н.е. Потекло Повеќето германски племенски општества во Скандинавија биле постојано присутни уште во неолитскиот период од 4000 п.н.е. па сè до првите векови на новата ера. Тоа биле ситни економии во рамки на селата. Промената започнала во текот на првата половина на претходниот милениум и тоа под влијание на Римското Царство. Откако завршиле со освојувачките војни и границите на нивното царство станале релативно стабилни, Римјаните почнале да тргуваат со народите надвор од окупираните територии со цел да набават голем број робови кои им биле потребни за да ја одржуваат својата економија. Веројатно како резултат на трговијата со робови и со железо, кожа, и дрво, ситната економија почнала да процветува во Скандинавија со артефакти од злато и сребро, потврдени во богатите гробници кои се појавуваат во I век п.н.е. мини|лево|170п|Етнографска карта на Скандинавија од VI век, опишана во „Гетика“ од Јордан. Археолозите определиле концентрични зони на разни типови гробници меѓу раните Нормани, зависно од нивната оддалеченост од римската граница. Данска каде луѓето се богателе при трговија со Рим е зона на богати гробници. Накај север, кон Норвешка, Шведска и источно долж балтичкиот брег е зона на гробници на воини кои биле посиромашни со предмети.
Накај III век постојат докази дека трговијата била во опаѓање веројатно поради присуство на пиратски напади организирани од воините кои живееле подалеку од границите на Рим. Во IV и V век почнале да се појавуваат и првите воени тврдини. Мали тврдини од кои повеќето со еден ѕид се најдени во јужна Шведска и тие се знак дека морале да се бранат од напади. Оружјето укажува на тоа дека веќе постоеле воени елити. Делото Гетика, напишано во Цариград околу 551 од римскиот историчар Јордан, дава преглед на германските племиња од Скандинавија во VI век. Јордан именува мноштво племиња кои живееле во Сканца, која ја нарекува „Утроба на народите“ и вели дека Скандинавците дури биле и побројни и посурови од другите Германи. Меѓу другите, Јордан ги споменува Сведите, како Такит во неговото дело Германија кое датира од I век. Сведите биле забележани по своите силни флоти и војска. Даните исто така биле забележани како „највисоките мажи“. Во Норвешка, Јордан ги споменува и Ругите, кои учествувале во Битката кај Недао и освојувањето на Италија од страна на Одоакар. Најверојатно, овие племиња сè уште имале контакт со својот сој низ Европа. Херулите и Готите, кои праќале морски експедиции во Црното Море против Римското Царство со векови, веројатно однеле поморска технологија назад во Скандинавија. Бродот од Нидам, најстариот пронајден клинкер кој некогаш бил изграден, покажува дека раните Нормани поседувале напредна технологија за бродоградба веќе во III век.
Ширење
мини|десно|230п|Викиншки експедиции низ Европа, Средоземното Море, Северна Африка, Мала Азија, Арктикот и Северна Америка
Причини за викиншкото ширење Иако главна основа на скандинавското стопанство било земјоделство и трговијата, Скандинавците имале општествено-политичко уредување во кое војувањето одиграло централна улога слично како кај древните Келти и кај другите германски народи. Војната била посакувана како за да се покаже воинствена моќ и храброст така и за да се стекне материјална добивка. Предизвикување војни во далечните земји било исто така начин да се изгради политичката моќ. Напредните клинкери одговарале да се користат и во длабоки и во плитки води, со што се зголемувал досегот на нордиските трговци или воини долж морските брегови или долж поголемите речни долини во светот.
Брзиот раст на популацијата се смета исто како причина за викиншката експанзија. Постојат археолошки докази за раст на популацијата меѓу скандинавските земјоделци. Користењето на железни орудија, потрајни од оние од бронза, довело до поефикасно земјоделство и способност да се одржува една поширока заедница. Полигамијата исто така нашироко била практикувана меѓу Норманите, со поглаварите кои најчесто имале голем број жени. Поволната клима во таканаречениот средновековен топол период веројатно исто така придонела за растот на популацијата во Скандинавија.
На почетокот на викиншкиот период во VIII век, Скандинавија, исто како и порано, била раскрсница на трговијата. Нордислите трговци биле активни во Балтикот, собирајќи крзна од финските народи за да ги извезуваат на Запад на тогашната европска супер сила, Каролиншкото Царство на германските Франки под Карло Велики. Како северните трговци навлегле во Источна Европа и понатаму, биле дел од една трговска мрежа за транспорт на огромни количини сребро од Абасидската империја. Трговците можеби делувале како битен фактор на тој коридор за пренос на среброто до Франкиското царство на Карло Велики а тоа ја стимулирало нивната економија и им помогнало да се финансира нивниот потфат на градење многу цркви. Политичките проблеми во Абасидската империја го секнале протокот на сребро во 820-тите и 830-тите, можна причина зошто норманските трговци се свртеле кон пиратство и војување. Приказните на трговците за огромното богатство на Каролиншкото Царство, најмоќната групација во Европа после Римјаните, несомнено исто така ги охрабрило да се оддадат на војни и пљачкање. Жестокиот поход на Каролинзите против паганските германски Саксонци од северна Германија во доцниот VIII век можеби исто така довело до тоа да тргнат да војуваат против туѓинците.
Британски Острови Најраната забележана дата на викиншки напад на Британските Острови е 787 г. кога, според „Англосаксонскиот летопис“, група луѓе од Норвешка отпловиле на островот Портланд во Дорсет. Таму, кралскиот намесник за нив помислил дека се трговци. Кога тргнал со нив да ги однесе да платат трговска такса, тие го убиле. На 8 јуни 793 манастирот Линдисфарн, кај Нортумбрија, бил опустошен од страна на Норманите. Трговијата меѓу Англија и Континентот долж Англискиот канал и Северното Море која била развиена во текот на VIII век, станала голем плен на пиратите. Нападите во ова подрачје станале позачестени во 830-тите. Во 867, Даните го освоиле Јорк, и до 870 било основано грофовството Оркни. Околу 880, викиншкиот водач Гутрум потпишал договор со англосаксонскиот крал Алфред Велики, со што му се давало на Гутрум власт врз едно пошироко подрачје на Источна Англија, наречено Данелаг.
Териториите коишто Викинзите ги освоиле во Ирска, прво во 795, биле мали меѓутоа стратешки поставени. Денешните ирски градови Даблин, Вотерфорд, Вексфорд, Арклоу, Корк и Лимерик биле основани од страна на Викинзите. Викиншкиот период, преку трговијата, вовело големо богатство во кралствата како и подобрување на средствата за комуникација што отсекогаш значело делотворна моќ на промена во некое општество. Ирска имала близок контакт со Велика Британија и со европското копно, што создало нови влијанија во политичкиот систем како и во црквата и во економските аспекти на општеството. Домородните Ирци се бранеле жестоко против Викинзите, во поголем дел Норвежани, и во 902 привремено успеале да ги избркаат од местото на кое денес се наоѓа градот Даблин. Но Викинзите веќе толку добро се утврдиле таму што почнале да ја напаѓаат Англија. Во 1014 Даните под власта на Свен I освоил голема територија во Англија. Во XII век, Викинзите го изгубиле своето влијание кога нивните градови паднале во рацете на Нормандите, друго племе што потекнува од Викинзите, кои биле повикани во Ирска како сојузници на соперничкиот претендент на ирската Kруна во XI век.
Франција и Германија мини|десно|180п|Статуа на Роло, Војвода на Нормандија.
„Летописите на Франкиското кралство“, или Annales regni Francorum, анонимен збир на политичка и воена историја на Франките од 741 до 829, запишале дека првиот напад врз франкиската територија се случил во 799. Градот Руан бил нападнат во 841. Првото подрачје каде Викинзите со сиот свој интензитет нападнале било во басенот на реката Сена во 841. Првиот напад на Париз се случил во 845. Втор регион во кој нападнале Викинзите била Аквитанија. Напаѓачите продреле дури до Шпанија во 844 а Бордо бил под викиншко влијание од 848. Третата зона каде е видена нивната активност била Бретања и Неустрија во текот на 840-тите; Бретања најпосле била освоена во 914. Четврта зона на нападите на викинзите е забележана во Меза — подрачјето на Долна Рајна. Во 845 биле опседнати Хамбург и Париз. Викинзите постојано пловеле по франкиските реки, пљачкајќи и опожарувајќи ги градовите. Ваквите напади ја ослабнале франкиската економија и општество, со закана да ја донесат земјата на ниво на оние услови кои тука биле забележани после падот на Римското Царство. мини|лево|200п|Норманската експанзија до 1130 година Дизајнот на викиншките бродови кој им овозможувал да патуваат и по речните корита, им овозможил да прават ненадејни инвазии врз тврдините на градовите кои претходно имале искуство за одбрана само од копнени трупи. Типично, Викинзите своите воени утврдувања ги правеле на устијата на реките од каде упатувале бродови до градовите кои биле под опсада. Овие воени утврдувања им служеле и како кампови каде можеле да чекаат да помине зимата кога морето било полно со бури и несигурно за пловидба. Во IX век, воените банди почнале полека да стануваат војски како резултат на обидите во Скандинавија кралеви како Харалд Убавокосиот од Норвешка да ја консолидираат политичката моќ. Подобри дефанзивни структури биле изградени во Скандинавија, како Даневирке завршен од данскиот крал Гутфред во 804 година, кој ја штител јужната граница на Данска. Нова фаза напади на Париз и неговата околина започнала во 885.
Организирана одбрана против викинзите била организирана од силни водачи како Карло Ќелавиот на Франките и Алфред Велики на Англосаксонците, кои биле способни да организираат одбрана (тврдини) на градовите, поморски патроли долж бреговите и да најмат поголема мобилна воена сила. Други христијански водачи не можеле ништо да сторат против викиншките напади па плаќале откупнини, таканаречени „данегелд“. Во 845, Франките го платиле првиот нивен данегелд на викинзите. Во замена за добра исплата на ваквата откупнина, викинзите честопати се согласувале на примирје а потоа и на трговија со противничката страна.