мини|десно|250п|Зградата на Кралската академија на науките во Стокхолм Кралска академија на науките (, KVA) — една од кралските академии во Шведска. Ова е независна и невладина научна организација со задача да ги поттикнува и поддржува науките, пред сè природните науки и математиката.
Академијата е основана на 2 јуни 1739 г. од славниот природонаучник Карл Линеј, меркантилистот Јонас Алстремер, конструкторот Мортен Тривалд, чиновниците Стен Карл Билке и Карл Вилхелм Кедерхилм и политичарот Андерс Јохан фон Хепкен.
Академијата има за цел да посветува особено внимание на полезните сознанија и да објавува на шведски јазик за да ги распространи најзините наоди што пошироко меѓу населението. Создадена е со поинаква замисла од постарото Кралско научно друштво во Упсала (основано во 1719 г.), кое објавувало на латински јазик. Академијата е намерно сместена во центарот на градот, каде што биле најзастапени стопанските активности. Како пример послужиле Кралското друштво во Лондон и Кралската академија на науките во Париз.
Во рамките на установата постојат комитети за доделување на меѓународни награди: Нобелови награди за физика и хемија Нобелова награда за економија Крафордови награди за астрономија и математика, геонауки, бионауки (со задршка на екологија) и полиартритис Ролф Шокови награди за логика и филозофија Награда „Грегори Арминоф“ за кристалографија Медал „Оскар Клајн“ и државни награди: Награда „Јеран Густафсон“ за истражни трудови во природните науки и медицината Седербергова награда за економија или правни науки Награда „Таге Ерландер“ за физика, хемија, технологија и биологија Награди „Ингвар Линдквист“ за наставници од областа на физиката, хемијата, биологијата и математиката.
Пишани изданија мини|исправено|Kongl. Svenska Vetenskaps-Academiens handlingar, том XI (1750). Ова се тековните научни списанија на академијата: Ambio (1972-) Acta Mathematica (1882-) Arkiv för matematik (1949-; од 1903 до 1949 под друг наслов, каде се опфаќале и физиката и астрономијата) Acta Zoologica (1920-) Levnadsteckningar över Vetenskapsakademiens ledamöter (1869-) - биографии на починати академици Physica Scripta (1970-) - заедно со Норвешката академија на науките и книжевноста Porträttmatrikel (1971-) - портрети на тековни членови Zoologica Scripta (1972-) - заедно со Норвешка академија на науките и книжевноста ETAI (1997-)
Поврзано мини|десно|Пресконференција во салата за седници на академијата Кралски академии во Шведска Членови на Кралската шведска академија на науките
Наводи
Надворешни врски Кралска академија на науките ETAI - мреж. место на списанието
Шведска, Кралска Науки Академија, Науки Категорија:Згради и градби во Стокхолм Категорија:Организации во Шведска