Кенвајн Џоел Џонс (англиски: Kenwyne Jones) — фудбалер од Тринидад и Тобаго, напаѓач на Борнмут и на репрезентацијата на Тринидад и Тобаго.

Клупска кариера Џонс својата кариера ја започнал во својата татковина играјќи за тимовите на Џо Паблик и Дабалју Конекшн каде се промовирал во најдобар стрелец во првенството на Тринидад и Тобаго.

Доаѓањето во Англија и настапите во Премиер лигата Во Јули 2002 најпрво Џонс потпишал за Саутхемптон откако успешно ги минал пробите. Во тој момент Саутхемптон се натпреварува во втората лига по ранг во Англија. Во меѓувреме во првите сезони поради тоа што не можеше да се избори за место во почетниот тим тој е позајмуван во неколку други тимови. По испаѓањето на тимот од лигата тој го напушти Саутхемптон и му се приклучи на Сандерленд. Во истата сезона „црните мачки“ обезбедија промоција во Премиерлигата водени од новиот менаџер и легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Рој Кин. Џонс е само едно од неколкуте засилувања кој пристигна на стадионот на светлината 2007-2008.Покрај Џонс Сандерленд се засили и со други нови играчи како искусните Двајт Јорк,Енди Кол и Јан Харт,потоа Киеран Ричардсон,Џони Еванс и голманот Крег Гордон (кој направи рекорден трансфер од Хартс ФК кога се во прашање голманите во Англија) со цел да опстане во лигата. Џонс имаше свој придонес во опстанувањето на тимот во лигата (кој на крајот заврши како 15) со 7 голови. Во наредната сезона тој се поврзуваше со трансфер во некој други тимови, но сепак тој остана во Сандерленд и во наредните две сезони. Тој одигра 29 меча и постигна 10 голови во сезоната 2008-2009 и 32 меча и постигна 9 голови во сезоната 2009-2010.

Во Август 2010 тој замина во Стоук Сити за сума од 9.7 милиони евра што беше рекорден трансфер на клубот.Во првата сезона на Британија стадионот тој постигна 12 гола,исто колку и неговиот партнер во нападот Џонатан Волтерс, но со 9 гола тој беше прв стрелец на својот тим во лигата. На стартот од сезоната 2011-2012 тој го постигна својот прв гол во второто кол на гостувањето кај Норич во 93-тата минута израмнувајќи на 1:1 за радост на менаџерот Тони Пјулис.Тој исто така постигна и два гола против Тун во лигата на Европа.

На 28 јануари 2014, Џонс му се приклучил на Кардиф Сити во размена со Питер Одемвинги кој заминал во Стоук.

Репрезентативна кариера Џонс ја претставуваше својата земја во многу репрезентации како до 18,до 20, и во олимписката до 23 години.Своето деби за фудбалската репрезентација на Тринидад и Тобаго го имаше против Финска на 29 јануари 2003.Тој исто така беше дел и од фудбалската репрезентација на Тринидад и Тобаго на светското првенство 2006 година во Германија.Во 2007 бил избран за фудбалер на годината во својата земја.

Надворешни врски Кенвајн Џонс на soccerway Кенвајн Џонс на whoscored

Категорија:Тринидадски фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери на ФК Стоук Сити Категорија:Фудбалери на ФК Кардиф Сити Категорија:Фудбалери на АФК Борнмут Категорија:Родени во 1984 година