Адана — македонско машко народно оро што се изведува во полукруг, со почетно држење на рацете за рамо, а кон крајот тие се слободно спуштени и се држат за китките. Се игра во 2/4 метар во умерено брзо темпо. Орото започнува со балансирање, а потоа со потскокнувања, вртења и потклекнувања. Најчесто се игра во Велешко.

Литература Македонска енциклопедија (прва книга). „МАНУ“, Скопје 2009 година. Македонски народни ора, Скопје, 1977,91 година

Надворешни врски

Изведба на орото од страна на чалгаџиски ансамбл (Пеце Атанасовски ; Ансамбл Македонија) Изведба на орото на канон од страна на Хусрев Саид Изведба на орото на кларинет од страна на Панче Здравков и Тале Огненовски Изведба на орото од страна на група Искон

Категорија:Македонски ора