Џонатан Волтерс (англиски: Jonathan Walters; роден на 20 септември 1983, во Моретон) — поранешен ирски фудбалер, роден во Англија, кој играл на позицијата напаѓач.
Кариера Волтерс ја започнал својата кариера во Блекбурн Роверс, но таму никогаш не добил шанса да се докаже. Затоа поголемиот дел од својата кариера го поминал во помали клубови од подолните англиските дивизии. Во 2007 потпишал за Ипсвич каде одиграл три одлични сезони. Тие добри партии му носат можност во летото 2010 да потпише со Премиер лигашот, Стоук Сити за сума од £2.75 милиони. Своето деби за својот нов клуб го имал на 21 август против Тотенхем, а својот прв гол за грнчарите во лигата го постигнал против Блекбурн Роверс во победата на неговиот тим со 1-0. Во сезоната 2011-2012 тој за првпат играл во натпревар од Европските клупски турнири на 28 јули против Хајдук од Сплит каде токму тој го постигнал единствениот гол за победа на Стоук со 1-0. Во август 2011 Волтерс го продолжи својот договор со тимот за уште 12 месеци. Волтерс зема учество во 31 натпревар во првиот дел од сезоната и постигнал седум погодоци.
Титули Хал Сити Лига Еден - вицешампион : 2004-2005 Стоук Сити ФА Куп - вицешампион : 2010-2011
Надворешни врски Џонатан Волтерс на soccerway
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Ирски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Блекбурн Роверс Категорија:Фудбалери на ФК Болтон Вондерерс Категорија:Фудбалери на ФК Хал Сити Категорија:Фудбалери на ФК Барнсли Категорија:Фудбалери на ФК Честер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Ипсвич Таун Категорија:Фудбалери на ФК Стоук Сити Категорија:Фудбалери на ФК Барнли Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Родени во 1983 година