Вадата — археолошко наоѓалиште во Градошорци, Општина Василево.
Претставува населба од римското време. На околу 1 км се-вероисточно од селото има простор со обработлива површина од 500 × 400 м на кој се наоѓа множество фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал, особено во нивата на Ф. Иванов. При орањето селаните доста често наидувале на остатоци од темели на објекти. Од еден темел била извадена статуа од мермер, прилично оштетена, која се чува во Заводот и музеј во СтрумицаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко;
Наводи