Чуј Петел — археолошко наоѓалиште во Дукатино, Општина Василево.
Претставува населба од доцноантичко време и старохристијанско време. На 1,5 км јужно од селото, на границата со атарот на селото Радичево се наоѓа високо зарамнето плато со површина од 700 × 500 м, на кое се среќаваат остатоци од населбинска керамика, питоси, тегули и друг градежен материјал. Во нивите на Г. Велков и В. Лазаров биле откриени темели од објекти, земјоделски алатки (српови, ножеви, мотики, секири), како и римски монети. На западниот крај на наоѓалиштето има темели од базилика од која биле откопани база и големи стебла од столбови. Едно стебло било однесено во селската цркваКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко; Калата — населба од доцноантичко време; Селиште — населба од доцноантичко време; Градиште — населба и некропола од доцноантичко време.
Наводи
Категорија:Дукатино