Сред Село — археолошко наоѓалиште во струмичкото село Старо Коњарево. Претставува некропола од римското време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа во дворовите на мештаните Коста Божинов и Трајко Манев.

Опис

При градењето на куќите и другите објекти биле откриени и уништени поголем број на гробови градени од тегули, „на две води“.

Поврзано Голема Трпеза — населба од неолитското време; Градиште — населба од доцноантичкото време; Кале — градиште од доцноантичкото време; Соколче — населба од доцноантичкото време; Старо Коњарево; и Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко.

Наводи

Категорија:Старо Коњарево