Свети Никола — главна селска црква во селото Копанце, Македонија.

Црквата се наоѓа во самото село. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото Копанце, денес целосно опколена од куќи на албанското население.

Историја

За време на отоманскиот период, во Копанце постоеле рушевини на една црква, каде мештаните колеле курбан за Свети Никола Летен. До тие рушевини се наоѓало старо брестово дрво. На местото на црквиштето во 1900 година била подигната денешната црква.

Според натписна плоча на самата црква, црквата била обновена од темел во 1978 година и била реновирана во 2017 година, најмногу со средства на самите мештани и дијаспората.

Галерија

Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Сиричинско-раотинска парохија Копанце

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Копанце Копанце