Кулон (симб C, Кл) е изведена SI-единица за електричен набој, наречена по францускиот физичар Шарл Огистен де Кулон (1736 -1806). Се дефинира како полнежот што минува низ постојана струја од еден ампер за време од една секунда:
Еден кулон е и одвишокот напон на позивитната страна на капацитетот од еден фарад со разлика на потенцијалот од еден волт:
Дефиниција Во системот SI, кулонот се дефинира според амперот и секундата: 1C = 1A × 1s. Секундата се дефинира според честотата на природното зрачење на атомите на цезиумот. Амперот се дефинира со Амперовиот закон за силата; дефиницијата делумно се заснова на масата на меѓународниот еталон на килограмот, кој е метален цилиндар што е чува во Франција. Во практика, за одредување на амперажата со најголема можна точност цел се користи ватажна вага.
Претставки во SI
Претворање Величината на електричниот полнеж од еден мол елементарен полнеж (приближно 6,022, или Авогадров број) се нарекува фарадеева единица за набој (тесноповрзана со Фарадеевата константа). Еден фарадеј е еднаков на 96485,3399 кулони. Изразено во Авогадровиот број, (NA), еден кулон е еднаков на прибл. 1,036 × NA елементарни полнежи. еден ампер-час = 3600 C, 1 mAh = 3,6 C елементарниот полнеж изнесува 1,602176487 C еден статкулон (statC), електростатичка единица за набој во СГС (esu), е приближно еднаква на 3,3356 C или околу 1/3 nC. еден кулон е величината (апсолутна вредност) на електричниот набој во протони или електрони.
Однос со елементарниот полнеж Елементарниот полнеж (позитивниот набој на протонот или негативниот набој на електронот) изнесува прибл. . Обратната вредност (бројот на елементарни полнежи во 1 C) се добива со 1/[1,602176487(40)×10-19] = 6,24150965(16)×1018. Во SI, елементарниот полнеж во кулони е приближна вредност: не постои опит кој може да даде апсолутна точност. Меѓутоа во другите системи, елементарниот полнеж има точно определена дефиниција, а другите полнежи се изразуваат во однос на него. На пример, кај обичајните електротехнички единици, вредностите на Џозефсоновата константа KJ и фон Клицинговата константа RK се точно утврдени вредности (се запишуваат како KJ-90 и RK-90), и оттука следува дека елементарниот полнеж исто така има точно определена вредност во рамките на тој систем. Поконкретно, изнесува точно .
Поврзано Амперов закон Кулонов закон Електростатика Елементарен полнеж
Наводи
Категорија:Изведени SI-единици Категорија:Единици за електричен набој Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ