Конор Макелени (англиски: Conor McAleny, роден на во Ливерпул) — англиски фудбалер, напаѓач на Марин.

Кариера Макелени дошол во Евертон кога имал само 11-години. Играл во генерацијата на карамелите за играчи до 18 години како и за резервистите.Поради многуте повредени играчи во тимот првиот повик за првиот тим на Евертон од менаџерот Дејвид Мојес Макелени го имал за мечот против Астон Вила на 2 април 2011 г. Билна клупата за тој двобој заедно со своите соиграчи од резервниот тим Адам Форшо и Аристот Нсиала, но ниту еден од нив не добил шанса да влезе во игра. Бил неискористена замена и во следното коло против Вулверхемптон Вондерерс.

Во јуни 2011 г., Макелени потпишал нов едногодишен договор.

Своето деби за првиот тим на Евертон го направил на 10 декември 2011 на гостувањето кај Арсенал кога во игра се појавил како замена за капитенот Фил Невил во 76-тата минута. Влегол како резерва и во следното коло заменувајќи го Луј Саа во ремито 1-1 со Норич, со што го направил својот прв настап пред домашната публика на Гудисон Парк.

На 23 март 2012 г. бил даден на заем на тимот од Лига Еден, Сканторп Јунајтед до крајот на сезоната 2011-2012. Следниот ден го направил своето деби во натпреварот без голови против Нотс Каунти.

Надворешни врски Конор Макелени на Everton FC Конор Макелени на Soccerway

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Брентфорд Категорија:Фудбалери на ФК Кардиф Сити Категорија:Фудбалери на ФК Чарлтон Атлетик Категорија:Фудбалери на ФК Виган Атлетик Категорија:Фудбалери на ФК Флитвуд Таун Категорија:Фудбалери на ФК Килмарнок Категорија:Фудбалери на ФК Шрузбери Таун Категорија:Фудбалери на ФК Олдам Атлетик