мини|Поглед кон катедралата во Бург Јериховер Ланд () — округ во североисточниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи се (од југ надесно) Анхалт-Битерфелд, Залцланд, слободниот округ Магдебург, Берде, Штендал и окрузите Хафеланд и Потсдам-Мителмарк во Бранденбург.

Историја

Во 1816, површината на округот станала дел од пруската Провинција Саксонија и била поделена административна во три окрузи, Јерихов I, Јерихов II и Цизар. Округот Цизар бил додаден на Јерихов I во 1826.

По Втората светска воја, окрузите биле изменети. Некои површини на двата окрузи биле додадени на соседните окрузи Хафелберг, Ратенов, Бранденбург, Лобург и Цербст. Двата окрузи биле исто така преименувани по нивните административни седишта, така Јерихов I станал Округ Бург, а Јерихов II станал Округ Гентин. Во 1952, округот Бург бил поделен на два дела. Меѓутоа, во 1957, округот Лобург бил споен со округот Бург.

Во 1994, двата окрузи Бург и Гентин биле споени и го прифатиле историското име Јерихов. Во 2007, 6 општини од поранешниот округ Анхалт-Цербст (Хобек, Лобург, Либс, Предел, Розијан и Швајниц) биле додадени на округот Јерихов.

Името на округот потекнува од градот Јерихов, име кое се поврзува со раното доселување на словенските племиња. Не е поврзано со името на градот Ерихон (герм. Jericho) на Блискиот Исток.

Географија

Главни водотеци во округот се реките Елба, Еле, Иле и Нуте, како и каналот Елба-Хафел.

Грб

Вертикалните линии во левата половина на грбот го симболизираат Каналот Елба-Хафел, додека жеравот во десната половина ја симболизира природата на округот. Жеравите се чести птици во округот.

Градови и општини

Округот Јерихов се состои од следниве административни единици: ГрадовиСлободни општини Бург (Магдебург) Гентин Гомерн Јерихов Мекерн Бидериц Елба-Парај Мезер

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Окрузи во Саксонија-Анхалт