Бург (Магдебург) () — град од околу 24.700 жители на Каналот Елба-Хафел во Германија, североисточно од Магдебург. Се наоѓа околу поранешна брана, Sachsenschleusen („саксонска брана“). Претставува административно седиште на округот Јерихов во сојузната покраина Саксонија-Анхалт.
Градот е познат по неговите средновековните цркви и кули.
Бург порано ја имал првата чевларска фабрика во Европа и бил прв во производството на крцкав леб во Германија, почнувајќи со производство во 1931.
Градот е познат како родно место на генералот Карл фон Клаузевиц.
Близу Бург се наоѓа голем предавател за долги и средни бранови, кој меѓу другото е користен за пренесување на Радио Волга.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Јерихов (округ) Категорија:Саксонија (пруска покраина)