Петар (Перо) Димов Шанданов ( во — во ) — учесник во македонското револуционерно движење.

Животопис

лево|100п|мини|Септември, 1944 година Апел до Македонците во Бугарија. Еден од потписниците е и Петар Шанданов.

Се школувал во Охрид и во Битола. Бил учесник во Првата балканска војна и во Охридско-дебарското востание против српската власт во 1913 година. Се борел во Единаесеттата пешадиска македонска дивизија во состав на бугарската војска како офицер. Бил избран за резервен член на ЦК на ВМРО. Во периодот 1925-1928 година, по убиството на Протогеров и поделбата во редовите на ВМРО застанал на чело на протогеровистите.

За време на Втората светска војна се вклучил во антифашистичкото движење во Бугарија. По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, потписник е на Апелот до Македонците во Бугарија заедно со други видни револуционери и дејци како: Павел Шатев, Туше Делииванов, Ангел Динев, Михаил Герџиков и други.

Во 1944 година бил избран за делегат на Второто заседание на АСНОМ и избран за член на Президиумот на Народното собрание на Македонија.

Поради учеството во Македонското ослободително движење бил осудуван и затворан од бугарските власти на двапати (1936 и 1953).

Во 2002 година неговите спомени се објавени на македонски јазик.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Бугарски офицери од Македонија Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Носители на орденот „За воена заслуга“ (Бугарија) Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ