Грбот на Општина Јегуновце е официјалниот грб на оваа македонска општина.
Опис Општината има грб кој ја претставува Општина Јегуновце со нејзините основни обележја и одлики. Грбот е составен од штит на кој има неколку елементи. Централен елемент е буквата „Ј“ која го симболизира името на општината. Во позадина се наоѓа приказ на планините во општина Јегуновце, фабрика која ја симболизира индустријата и ѕвездите кои ги симболизираат населените места во општината. Во долниот дел се наоѓа годината на основање на општината.
Наводи
Поврзано Знаме на Општина Јегуновце Грбови на општините во Македонија Општина Јегуновце
Надворешни врски Симболи на Општина Јегуновце
Категорија:Општина Јегуновце Јегуновце